Функција која корисниците на OneDrive ја бараат и чекаат најмалку 6 години, а веќе одамна е достапна кај еден од најголемите конкуренти, Dropbox, конечно е достапна кај овој сервис од Microsoft.

Се работи за „differential sync“, односно синхронизација само на променетите делови од датотеката која веќе е прикачена на OneDrive.

Досега, кога корисниците правеа промени на своите датотеки на OneDrive од нивниот компјутер, на пример, повторно се прикачуваше целата датотека, иако може само 10% од истата се нови, односно променети.

Со оваа новина, ќе се заштеди на интернет сообраќај, кој во случај со голем број на датотеки може да не е толку мал, како и времето кое е потребно да се синхронизира една датотека. Разликата не е мала, а повторно со примерот на 10% направени промени, разликата во прикачување е голема кога не се прикачува повторно целата датотека.

Оваа новина ќе им биде достапна на сите корисници на OneDrive, на сите платформи, како и за сите видови на датотеки. Со оглед на тоа што моментално нема никаква ознака, промената може да ја забележите доколку почесто го следите синхронизирањето на OneDrive, па овој процес сега ќе биде забележително побрз.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаПаметните часовници на Samsung ќе можат да мерат крвен притисок
Следна статијаБарате добар подкаст? Ние ви нудиме избор од пет за безгрижно уживање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.