Скопје, 16. септември 2019 година – На дванаесеттото издание на најголемиот Фестивал за комуникациската индустрија во Регионот кој се одржува од 19. до 22. септември во Ровињ, за прв пат ќе се користат посебно дизајнирани чаши за повеќекратна употреба со цел да се намали користењето и фрлањето на пластиката за еднократна употреба. На чашите, покрај логото на Фестивалот, ќе биде отпечатена и соодветна порака како со нивно користење ја чуваме планетата. По користењето, посетителите ќе можат да ја понесат чашата со себе како дополнителен сувенир од најдобриот “Викенд Медиа Фестивал“ во годината.

“Викенд Медиа Фестивал од секогаш ‘размислува зелено, а тоа може да се види и од визуелниот идентитет и уредувањето на самиот фестивалски простор. Екологијата не ја сметаме само за тренд, туку и за стил на живот. Преку Фестивалот на кој нема да има пластика за еднократна употреба, сакаме да ја подигнеме свеста за екологијата и нејзиното значење, и воедно да се грижиме за природата колку што можеме“, истакна Томо Рицов, Директор на „Викенд Медиа Фестивал“.

Чашите за повеќекратна употреба ќе може да се земат од шанковите сместени во рамки на фестивалскиот комплекс во Старата фабрика за тутун во Ровињ. Посетителите, своите чаши ќе може да ги понесат со себе, но и да ги остават на однапред одредени пунктови.

Овогодишниот “Викенд Медиа Фестивал“ ќе обедини повеќе од 150 предавачи и панелисти, а овие три дена, повеќе од 5.000 учесници од сите земји во Регионот ќе можат да уживаат во богатата фестивалска програма која ќе се одржи на пет паралелни локации во рамки на Старата фабрика за тутун во Ровињ. Оваа година новина е “Викенд Мастерклас“ кој во најпрестижниот хрватски хотел, Гранд Парк Хотел Ровињ, го носи легендарниот управител на “Tag Heuer“ и “Hublot“, ЖанКлод Бивер (JeanClaude Biver). Тој, во четврток на 12. септември во 11 часот, ќе ги открие тајните на водењето на луксузни брендови и со ова ќе ја отвори овогодишната програма на Фестивалот.

Сите актуелни медиумски теми, како детали за интересните предавачи и стручни лица кои ќе учествуваат на овогодишниот Викенд Медиа Фестивал можете да погледнете во деталната програма на официјалната страна на фестивалот.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.