Со мотото ​Empowerment through open source​, го најавуваме и ве покануваме на ​„Think open“, настан за отворен код, што на 22ри март ќе се одржи во Хотел „Театар“, Битола.  

Во време кога компаниите во ИТ индустријата се фокусираат кон работење со отворен код, ние ги споделуваме нашите знаења и искуства. Преку практични примери од реални проекти од различни области, пет говорници ќе го споделат своето знаење и искуство од светот на отворениот код и отворените податоци. Придружете ни се и вклучете се во дискусијата преку споделување на своето искуство. Настанот е бесплатен, но местата се ограничени.                      

Регистрирајте се на: ​bit.ly/ThinkOpen​.   

„Think open“ е организиран од интернационалната компанија Кеитаро, што започнува со работа во 2012 годинa. Кеитаро е компанија ориентирана кон решенија базирани на Linux со отворен код, за клиенти низ целиот свет. Во Македонија е лоцирана во Скопје и Битола, со тим кој постојано расте и се надоградува. Размислувајте отворено и кодирајте отворено!  

Се гледаме во 18:00 часот, на 22ри март во Хотел „Театар“, Битола! 

Претходна статијаЕден од основачите на WhatsApp повторно повикува корисниците да го избришат Facebook
Следна статијаСедум нови европски серии на Pickbox кои треба да се изгледаат