Возбудливи, напнати, интересни, нови и доаѓаат од Европа. Овие седум европски серии, кои можат да се гледаат на Pickbox, може пријатно да ве изненадат! Супер е работата што Pickbox има субтитли, па ако по некоја случајност не знаете шпански, руски или норвешки, тоа нема да претставува некој проблем.

7. Другата страна на фудбалот (Todo por el juego)

Земја: Шпанија

„Другата страна на фудбалот“ („Todo Por el Juego“) е инспирирана од вистински настани и се заснова на интересната книга „Фудбалот не е таков“, што во 2014 г. ја напиша претседателот на шпанската „Ла лига“, Хавиер Тебас. Во неа опишува сѐ што се случува зад фудбалските кулиси или, со други зборови, опишана е мрачната страна на фудбалот.

6. Црвената кралица (Krasnaya koroleva)

Земја: Русија

Биографската серија „Црвената кралица“ („Krasnaya Koroleva“) е приказна за девојката Регина Збарскаја, која ја игра Ксенија Лукјаничкова. Снимена е во Русија, во Украина и во Белорусија и претставува приказна за една од најпознатите но и најтаинствени советски манекенки, за чијшто возбудлив живот кружат разни теории, од тоа дека била поврзана со КГБ, па сѐ до неразјаснетите околности на нејзината смрт.

5. Знам кој си (Se quien eres)

Земја: Шпанија

Угледниот адвокат Џулијан Елијас се буди по сообраќајна несреќа, добивајќи амнезија од повредите. Наскоро открива дека е осомничен во истрагата за исчезнувањето на сопствената внука и неговата студентка од факултет, Ана Саура. Истрагата за исчезнувањето доведува до судир помеѓу две моќни семејства, а на површината ќе излезат разни тајни од минатото за кои сите сметале дека се одамна заборавени. Неверојатно напнато и мрачно, со еден куп неочекувани пресврти!

4. Крвно сродство (Next of Kin)

Земја: Велика Британија

Напнатата британска серија се занимава со многу проблеми на денешнината, како што се тероризмот, улогата на исламот во Европа и семејните вредности кои се менуваат. Заплетот почнува така што истиот ден кога се случува еден терористички напад во Лондон, докторката Мона Харкорт дознава дека нејзиниот брат Карим е киднапиран при враќањето во Велика Британија од хуманитарната клинка во којашто работел во Лахор. Ужасот што Мона и нејзиното семејство го доживуваат се зголемува кога се вклучува полициската антитерористичка единица која ја интересира синот на Карим, Дени, кого никој не го видел на факултет веќе 6 седмици. Мона одлучува да го најде Дени пред полицијата.

3. Вистина (La verdad)

Земја: Шпанија

Во интригантната, мрачна и напната шпанска серија се работи за девојката Паула Гарсија. Таа му е внука на еден од најважните банкари во Шпанија и исчезнала пред девет години. Сега веќе 17-годишна, одненадеж се појавува откако избега од ужасно сексуално ропство. Во полициската станица одбива да разговара со никого, освен со Маркос Егија, млад полицаец задолжен за нејзиниот случај. Додека нејзиното семејство се привикнува на нејзиното враќање, новинарот Лало Руиз упорно тврди дека Паула не е онаа за која се претставува. Полицијата понатаму неуспешно работи на случајот, а Паула е премногу трауматизирана за да помогне во истрагата. Нејзиното враќање ќе се покаже како поголема загатка од нејзиното исчезнување.

2. Сива зона (Greyzone)

Земја: Шведска/Данска

„Сива зона“ е серија што му припаѓа на новиот бран дански драмски серии што си го пробија и го надградија патот надвор од рамките на скандинавскиот ноар. Секако, од жанрот според кој е позната Скандинавија, „Сива зона“ ги задржува мрачната атмосфера, напнатата приказна и сложените ликови, но овде се додава и возбудливиот трилер поради кој нема да можете да престанете да го гледате овој скандинавски деликатес.

1. Агата Кристи: Убиства по азбучен ред (Agatha Christie: The ABC Murders)

Земја: Велика Британија

Најнова серија за Поаро, а го игра феноменалниот Џон Малкович! Годината е 1933-та и еден убиец коси низ Британија, и тоа во железничката мрежа. Тој е методичен и на местото на злосторството остава знак. Поаро, кој излегол од Скотланд јард, се фаќа во костец со овој суров соперник, додека на цена му се авторитетот и интегритетот.

Пробајте го Pickbox во првите месец дена бесплатно!

Претходна статија„Think open“ – настан за отворен код во Битола
Следна статијаHUAWEI Mate X е прв телефон во светот со сертификат 5G CE доделен од TÜV Rheinland