Скопје, 5  Март, 2018 : Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, денеска го објави почетокот на второто издание на „WIZZ Youth Challenge“, меѓународен натпревар кој им овозможува на студентите од универзитет и колеџ да го покажат својот потенцијал и да дојдат до иновативни и несекојдневни идеи како одговор на бизнис предизвикот поставен од компанијата.

Учесниците во „WIZZ Youth Challenge“ ќе добијат професионално искуство, ќе дознаат  повеќе за бизнисот на една од најбрзо растечките авиопревозници во Европа и ако бидат во избрани во потесен круг, ќе го презентираат својот концепт пред високи професионалци во воздухопловството од тимот на Wizz Air во живо во Будимпешта. Победниците на натпреварот ќе бидат наградени со можност да патуваат бесплатно цела година со Wizz Air, кој во моментов нуди повеќе од 600 рути, поврзувајќи 145 дестинации од 44 земји, додека тимовите кои ќе освојат второ и трето место ќе добијат бесплатни повратни билети – одлични за да се искористат за одмор од соништата или да ги продолжат своите студии во странство.

Почнувајќи од  денес до 25 март 2018 година, активните студенти на додипломски или постдипломски студии на универзитет или колеџ во мрежата Wizz* можат да се пријават за натпреварот на www.wizzyouthchallenge.com. Сите регистрирани тимови ќе добијат задачи, детални упатства и материјали на 26 март 2018 година и ќе треба да го достават својот одговор најдоцна до 16 април 2018 година. Тимовите со најдобро реализирани задачи ќе бидат поканети да учествуваат на настанот во живо организиран во Будимпешта 9 и 10 мај 2018 година.

Повеќе информации за „WIZZ Youth Challenge“ можете да најдете на www.wizzyouthchallenge.com.

Овен Џонс, главен корпоративен директор во Wizz Air изјави: “Првиот „WIZZ Youth Challenge“ имаше огромен успех, со повеќе од 400 поднесени задачи и фантастичен финален натпревар во живо во Будимпешта. Многу сме возбудени што го започнавме вториот „WIZZ Youth Challenge“, овозможувајќи им на некои од најбистрите млади умови во Европа да ги докажат своите вештини и креативност додека развиваат план да одговорат на вистински бизнис случај. Во Wizz Air, ние сме горди на можностите што ние ги создаваме за луѓето, без разлика дали за нашите патници кои уживаат во патувањето низ нашата широка ниско-буџетна мрежа со еден од најновите авионски флоти во Европа, за секој посветен колега во тимот на Wizz Air да ја развие својата кариера или за младите талентирани луѓе да ги споделат своите идеи со нас и да стекнат фантастично професионално искуство. Како една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, Wizz Air е задоволен да се ангажира за идните лидери и  со нетрпение очекуваме да ги слушнеме големите идеи на младата генерација од цела Европа за време на настанот во живо во Будимпешта”.

Претходна статијаSEAT ја претстави целосно електричната Cupra конструирана за трки
Следна статијаВашиот ангел чувар ECOVACS ќе ви ги реши проблемите со чистењето