Лондон, 03 мај 2018 година: Wizz Air UK Limited (“Wizz Air UK”), подружница во целосна сопственост на Wizz Air Holdings Plc, (“Wizz Air”), една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, со задоволство објавува дека му е доделен сертификат за воздушен оператор, (AOC) и оперативна лиценца (OL) од страна на Управата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство.

Wizz Air UK, со седиште на лондонскиот аеродром Лутон, започнува со работа на 3-ти мај, со првиот лет помеѓу Лондон Лутон и Букурешт. Wizz Air UK ќе има 8 нови авиони Ербас А320 и Ербас А321 во употреба до крајот на 2018 година, што претставува инвестиција од 860 милиони долари ** и создавање 300 нови директни работни места со Wizz Air UK за управување, пилоти и кабински екипаж.

Со додавање на Wizz Air UK, групата ќе има скоро 9 милиони места во продажба на своите патувања со ниски цени до и од Велика Британија во 2018 година, околу 14% годишно.

Wizz Air спаѓа во осумте најголеми авиопревозници кои работат во Велика Британија, со летови до 74 дестинации во 23 земји од 9 аеродроми во Велика Британија, вклучувајќи осум нови летови за 2018 година од Лондон Лутон до Ларнака, Тирана, Талин, Братислава, Лавов, Атина, Кефлавик и Бари.

Одличните  цени почнуваат од само 13,99 £ * и можат да се резервираат онлајн на wizzair.com.

Јозеф Варади, Главен извршен директор на Wizz Air изјави: “Денес се одбележува почетокот на новата ера во воздушниот сообраќај во Обединетото Кралство, бидејќи го славиме првиот лет на Wizz Air UK по добивањето на дозволата за работа на Велика Британија. Додека Wizz Air UK е клучен дел од нашиот план за непредвидени ситуации Брексит, тој е исто така прв вистински лиценциран превозник со ултра-ниски цени во Велика Британија и e следен чекор во развојот на нашиот бизнис во Велика Британија, што нè става во силна позиција да ги искористиме можностите што можат да се појават во она што останува во најголемиот туристички пазар во Европа. Wizz Air е посветen на Велика Британија уште од нашиот прв лет кој слета во Лондон Лутон во 2004 година и нашата континуирана експанзија ќе значи дополнителни инвестиции и работни места во Велика Британија, како што ја  надградуваме нашата моментална позиција како 8 најголема авиокомпанија која работи во Велика Британија.

Секој во тимот на WIZZ е воодушевен што гледа  дека операциите започнуваат под знамето на Wizz Air UK, бидејќи на нашите клиенти од Велика Британија им нудиме можност за билети со ниски цени за за да ја истражат нашата мрежа на возбудливи дестинации од Велика Британија.

Претходна статијаLG го претстави G7 ThinQ – Исечок на горниот дел, голем екран и најнови компоненти
Следна статијаInTech во чест на 20 години Open Source