Макпетрол преку Верна програмата за лојалност повторно наградува. Компанијата за сите лојални корисници на картичката Верна и оваа година организира голема наградна игра, „Верна повторно наградува“.

Наградната игра започна на 1ви март, a ќе трае до 15ти декември оваа година.

„Макпетрол, како современа и пазарно ориентирана Компанија, со Верна програмата за лојалност ја наградува довербата на своите потрошувачи. Преку оваа програма потрошувачите стекнуваат поени за секој наполнет литар гориво, како и за другите производи купени на бензинските станици и продажни места на Макпетрол. Потоа, со приложување на Верна картичката за лојалност, поените можат да се користат при купување производи од дополнителниот асортиман.

Верна програмата за лојалност е од исклучителна важност за нашата Компанија. Таа ни овозможува да ги дознаеме желбите, потребите и навиките на нашите потрошувачи. Верна програмата претставува алатка која не доближува до корисниците, а со тоа значително ни помага во однос на нашите напори за унапредување на услугата и односот кон потрошувачите.

Едноставниот начин на користење, преку впишување поени при секое купување на нашите бензински станици, создаде голем броj задоволни корисници. Минатата година ја одбележаа активностите во име на 70 годишниот јубилеј на нашата компанија. Отворивме 2 нови бензински станици, реновиравме дел од постоечките и организиравме една од најголемите наградни игри во Македонија“. – истакна Мишко Тасевски, раководител на сектор маркетинг.

Во 2017 година Макпетрол додели многу вредни награди, а оваа година продолжува со истото темпо. Преку наградната игра корисниците на Верна картичките за лојалност ќе имаат можност повторно да бидат наградени.

„Повеќе од 130.000 корисници на Верна програмата се потенцијални добитници. Овој број секојдневно се зголемува, со што расте и нашата мотивација за уште повеќе награди и изненадувања како симбол на благодарност за долгогодишната доверба и соработка. Досегашната прифатеност на Верна програмата недвосмислено говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува и дополнителна обврска за нас.

Затоа ги охрабруваме нашите потрошувачи да ги користат своите Верна картички со што ќе добијат можност да бидат потенцијални добитници на многу вредни награди“. – додаде Тасевски

Макпетрол како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во Македонија и оваа година ќе продолжи со низата инвестиции за изградба на нови бензински станици како и модернизирање на постојните капацитети, со единствена цел – создавање на подобри услови за нивните потрошувачи. – дополнија од компанијата

„Стручноста на раководниот тим на Макпетрол, знаењето и залагањето на вработените и примената на новини во работата, како што меѓудругото е Верна картичката за лојалност, ни овозможуваат да останеме на лидерската позиција на пазарот. Како лидер во својата област, секако дека имаме и поголема одговорност, најмногу кон потрошувачите. Затоа секогаш се стремиме кон одржување на квалитетната услуга и создавање нови погодности, целосно посветени на потребите на корисниците.

Затоа, денес со особено задоволство, како одговор на довербата која ни ја дадоа нашите потрошувачи, најавуваме почеток на уште една наградна игра преку која нашите лојални потрошувачи ќе имаат можност да се стекнат со голем број вредни награди. Наградната игра „Верна повторно наградува“ започна од 1 март и ќе трае до 10 декември оваа година, а ќе се одвива во 8 посебни Редовни кола, 4 Мастер кола и едно Финално Мастер коло.

Наградната игра се спроведува по принципот: секоја квалификувана трансакција носи по една шанса за извлекување, т.е. колку квалификувани трансакции направиле квалификуваните учесници во тековното коло толку шанси имаат да бидат извлечени“. – истакна Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба

Принципот за учество во наградната игра е едноставен и веќе познат. Се што треба да се направи е при полнење на гориво или купување на производи од дополнителниот асортиман на бензинските станици на Макпетрол да се прикаже Верна картичка и да се направи трансакција која ќе содржи 10 или повеќе поени и со тоа станувате еден од потенцијалните добитници на овогодинешната наградна игра.

„За оние потрошувачи кои сеуште не извадиле картичка Верна, тоа можат да го сторат уште денес со пополнување на податоци во најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција од 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Верна повторно наградува“.

Како и до сега нашите верни потрошувачи ќе бидат наградени со ваучери за Кристал Кар, 1000 Верна поени, Ваучери за Лубекс моторни масла, Ваучери за гуми, лаптопи Dell, како и викенди во хотелите на Макпетрол. Најсреќните ќе можат да уживаат во наградите од Мастер колата, а тоа се: два скутери Honda, чамец со мотор Honda и приколка, прекрасната Honda Jazz, како и фантастичната Honda Civic, која ќе биде доделена во финалното Мастер коло“. – потенцираше Георгиевски.

Претходна статијаАпликацијата YouTube за Android и iOS добива „темен режим“
Следна статијаФинската влада откупи акции од Nokia вредни 1 милијарда долари