Uber

Европскиот Суд на Правдата донесе одлука со која популарниот Uber е оквалификуван како транспортна компанија. Компанијата себеси се претставуваше како дигитален сервис наменет за луѓето да остварат контакт. Меѓутоа според практичната намена на контактот кој се врши преку оваа апликација, барем за судот од Луксембург, Uber сепак е такси-сервис.

Uber

Спорот настана откако на компанијата и беше наметнато да исполни критериуми на такси компанија за да оперира во Барселона. Ваквата пресуда веројатно нема да има поголеми импликации во начинот на кој Uber до сега функционира во градовите каде е веќе присутен.

Судот во Луксембург го опиша Uber како апликација наменета за комуникација помеѓу луѓето. Односно непрофесионални возачи и луѓе кои со користење на приватни возила заедно би патувале во урбана средина. Ваквиот опис недвосмислено го сместува сервисот во рамки на ЕУ регулативата за транспорт.

Според праксата на ЕУ, државите членки имаат право самите да ги уредат деталите под кои ќе дозволат компанијата да функционира. Сепак уредбите мораат да останат во рамки на генералната ЕУ регулатива.

Извори: BBC, The Guardian

Претходна статијаGoogle Chrome во Windows Store само како линк за симнување – Microsoft ја тргна ваквата „апликација“
Следна статијаНајпопуларните лозинки за 2017 година