BFR или Big Falcon Rocket е ново вселенско летало од SpaceX кое се’ уште е во развој. Ова летало е досега најамбициозното кое треба да се користи од носење на товар во орбитата на Земјата, па се до долго најавуваната мисија на Марс.

Во развојот на ова летало ќе помогне неговото користење во туристички цели, а првата „мисија“ е закажана за 2023 година кога BFR ќе однесе 7 до 9 луѓе околу Месечината, па назад на Земјата. За овие туристи, ова ќе биде уникатна шанса да ја видат месечината од блиску.

Елон Маск вчера го објави првиот турист којшто ги има купено сите места во леталото за летото околу Месечината. Се работи за Јусаку Маезава, јапонски милијардер којшто е познат по тоа што е сопственик на најголемата онлајн продавница за облека во Јапонија. Тој исто така се занимава со уметност, па местата кој ги има закупено на BFR планира да ги даде на уметници од кои ќе очекува уникатни дела по враќањето.

Тој исто така истакна дека планира да покани уште луѓе зошто не смета дека такво нешто човек треба да го доживее сам.

BFR ракетата е најновата од ракетите за повеќе употреби кои ги развиваат од SpaceX. Овие ракети се способни да слетаат назад на земјата со познатото вертикално слетување кое сигурно ќе помине уште многу тестирања до официјалната мисија со луѓе.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.