Нашиот пазар на мобилни телефони може слободно да се каже дека ништо не заостанува зад светскиот, па ние како корисници имаме избор од скоро сите класи на уреди достапни во повеќе продавници. Ова прави да одлуката при купување и не е така едноставна, изборот е голем, карактеристиките се слични, па не ретко овој процес станува повеќе напорен отколку интересен.

Оваа недела за вас го имам Huawei Y6 од 2018 година, кој беше претставен во март годинава, а сега е достапен и за македонските корисници. Истиот е од пониската класа, а во нашите продавници може да се купи по цена од 8.500 до 9.500 денари, зависно од каде и во кое време ќе го купите, односно дали ќе начекате и некоја промоција.

Телефонот благодарение на нашиот партнер Huawei го користевме неколку денови, па можеме да ги пренесеме нашите заклучоци за овој уред, што може да очекувате доколку го купите и слично.

Карактеристики

Huawei Y6 2018 е телефон од пониската класа, па веднаш треба да ги очекувате и соодветните компоненти. Во основа и Y серијата е направена токму за оваа класа, па корисниците кои го планираат буџетот на пониската страна, оваа серија ќе ги интересира.

Телефонот има димензии од 152.4 x 73 x 7.8 милиметри и тежина од 150 грама. Екранот е со големина од 5,7 инчи и е направен во S-IPS LCD технологија. Резолуцијата му е одлични за класата 1440 на 720 пиксели, а тоа е доволно за нивна густина од 282 пиксели на инч.

Она што е добро кај екранот на Y6-ката, е што тој доаѓа во форматот којшто веќе година и повеќе е главен тренд кај уредите од највисоката класа, па постепено се „спушта“ и кај пониската. Huawei Y6 има екран со сооднос од 18:9, што значи дека е повисок, на сметка на ширината, што го прави полесен за користење со една рака, а сепак им доста екран и простор за информации.

За работата на уредот се погрижува Snapdragon 425 чипсетот којшто доаѓа со четири јадрен процесор кој работи на 1,4 гигахерци. За графиката се погрижува Adreno 308, соодветно за класата, па се разбира дека не би требало да очекувате да ги играте најсилните игри без „сецкање“ и слични проблеми.

Меморијата на уредот вклучува 2 GB RAM, како и 16 GB простор за податоци, со можност истиот да се надополни со картичка до 256 GB капацитет.

Камера

Y6 доаѓа со две камери, односно по една на двете страни. Чудно е да се прочита ова, нели, со оглед на трендот во последно време кој полека достигнува за најава на дури и 5 камери на еден уред.

Како и да е, 2 камери се и повеќе од доволни, а и се стандардни се’ уште за оваа класа. Задната камера им сензор со 13 мегапиксели, LED „флеш“ и можност за снимање во Full HD на видеа со 30 слики во секунда.

Предната камера доаѓа со сензор со 5 мегапиксели и соодветен квалитет за „селфи“ слики во секоја ситуација.

Во продолжение можете да погледнете неколку примери од камерата на уредот кои ги сликнавме за да можете да добиете претстава за нејзиниот квалитет.

Дизајн

Huawei Y6 2018 е изработен од пластика, а ретко може да се очекува повеќе од уред од пониската класа и во оваа ценовна граница. Сепак, тоа не значи дека тој остава евтин впечаток, ниту на изглед, а ниту кога го држите телефонот и го користите.

Предната страна посебно не остава послаб впечаток, а најмногу поради големиот и издолжен до сооднос од 18:9 екран. На задната страна е „чисто“, а може да се видат камерите.

Овој уред нема сензор за отпечатоци, што го прави уште поедноставен на задната страна, а отклучувањето се прави со скенирање на 3D слика од лицето, нешто што како тренд го започна Apple со ланскиот iPhone X.

ПРЕГЛЕД НА ОЦЕНКАТА
Дизајн
Екран
Камера
Корисничко искуство
Претходна статијаMicrosoft препорачува задржувње на Edge при обид за инсталација на друг прелистувач
Следна статијаИзбран првиот вселенски турист кој ќе лета со новата BFR ракета од SpaceX oколу Месечината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
kratka-recenzija-huawei-y6-2018Се на се, ние бевме задоволни од Y6 и тој може да се каже дека се „однесуваше“ соодветно на нашите очекувања. Се работи за уред од пониската класа, па очекувани се повремени доцнења при отворање на некои апликации, но тука може да се каже дека голем дел од „кривицата“ ја има и Android оперативниот систем. Слободно би препорачале да го земете во предвид овој телефон доколку се мислите за купување на нов.