Skype-logo

Општиот суд на Европската Унија донесе одлука дека Skype не може да го заштити логото и името на сервисот со трговска марка во Европската Унија. Тоа е поради голема сличност на името и логото со тоа на познатата телевизиска мрежа Sky од Британија.

Проблемите на Skype не почнуваат сега, односно од Sky поднесуваат барања до судот уште од самото креирање на сервисот. Од Skype сега за сега не се бара промена на името и логото, односно одлуката само го забранува добивањето на трговска марка на ниво на унијата.

Ова не е првпат Microsoft да има проблем со Sky компанијата. Минатата година тие мораа да го сменат името на нивниот cloud сервис SkyDrive, во денешното име OneDrive. Причината беше иста, а тоа е дека името не сервисот е премногу слично што може да предизвика забуна кај корисниците.

Во случајот со Skype, од Sky исто така тврдат дека името е доволно слично па според нивните истражувања корисниците често не можат да направат разлика помеѓу овие два брендови. Проблем не е само името, туку е начинот на кој што е напишан зборот Skype, кој што според Sky е скоро ист.

Sky_logo

Од судот се сложуваат со забелешката и истакнуваат дека изговарањето на зборот Skype, иако веќе познато за тој сервис, е прилично слично со изговарањето на зборот Sky. Исто така, фактот дека логото на Skype е опкружено со рамка налик облак или меур, не значи дека тоа е доволно за да не постои сличноста, односно буквите во внатрешноста остануваат истите.

Не знаеме каква е ситуацијата во Британија, каде што се во главно популарни каналите на Sky, меѓутоа сигурни сме дека во остатокот од светот никој не би бил збунет и не би помислил дека Skype можеби е некако поврзан со Sky.

Сепак, не е првпат да читаме за проблемите кои што американските компании ги имаат со Европската Унија. Дали се работи за нешто намерно или едноставно разлики во концептот на функционирање на компаниите и европската бирократија е прашање кое што ќе треба да добие одговор.

Извор: EU General Court, BBC, Cnet

Претходна статијаUbuntu со смартфон кој ќе може да се поврзе со голем екран и да се користи како компјутер
Следна статијаMicrosoft ja повлекува App Social, новата верзија носи до главната продавница за апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.