one-drive-devices

Microsoft денеска најави дека својот познат cloud сервис SkyDrive ќе го применува во OneDrive. Причината за ова преименување е изгубениот судски спор со англиската сателитската компанија BSkyB која што ги има правата за името Sky во Британија и Европската Унија. Малку е чудно што BSkyB успеале да го добијат случајот, посебно кога тие не го користат целосно име на сервисот од Microsoft, а и бизнисите се тотално различни, па е малку веројатно дека корисниците до толку би ги мешале овие два термини. Сепак ова не е нова вест и Microsoft веќе се има сложено да направи промена на својот сервис, после договорот со компанијата да се одложи само рокот на истото.

OneDrive-Logo

Името OneDrive го промовираат како едно место за вашите документи, едно место за вашите слики и видеа, едно место за поврзување на вашите различни уреди, едно место за се во вашиот живот. Во продолжение можете да го погледнете видеото што го издаде Microsoft за промовирање на овој нов сервис.

http://www.youtube.com/watch?v=e4NsPPUDjyU

Сите моментални корисници на SkyDrive или SkyDrive Pro може да продолжат да го користат сервисот како и досега, односно сите податоци ќе им бидат достапни и по почетокот на преименуваниот сервис. За сите што сакаат да биде известени кога сервисот ќе биде достапен, пуштена е веб страна на која што може да ja внесете вашата email адреса на која што ќе бидете известени.

Според најавите можно е проширување на сервисот со нови функции, меѓутоа тоа сеуште е во форма на кратка најава, па не е сигурно дали сервисот покрај новото име ќе добие и нови функции.

Кога точно ќе започне со функционирање старо новиот сервис не е нагласено, односно стои само информацијата наскоро, па останува да причекаме.

Извор: OneDrive Blog

Претходна статијаMicrosoft развива вештачка интелигенција
Следна статијаОсновачот на AOKP се приклучува во Cyanogen Inc
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.