Долгогодишниот лидер во производство на компјутерски чипови Intel, лани се симна од лидерската позиија на која му отстапи место на корејскиот гигант Samsung. Заработките на овие две компании кои се мерат во милијарди, меѓутоа не се единствениот критериум за проценка. Иако, сепак на крајот тронот го превзема оној кој остварил поголем профит.

Intel е и понатаму лидер што се однесува до производството на процесори, додека Samsung го презема тронот во областа на меморијата. Но, развојот на технологијата ја наметнува гранката во која Samsung се истакнува како поважна. Потребата за чување не се поголеми количества информации, на пазарот диктираат голема побарувачка на производите на Samsung.

За да се добие појасна слика, важно е да се споредат некои податоци. Имено, нивната RAM меморија може да се најде во речиси секој мобилен уред. Понатаму, тие „држат“ над третина од пазарот на SSD. Фактот дека компанијата произведува речиси секаков вид на технологија од телевизори од мобилни уреди наоѓа широка примена за нивните внатрешни компоненти. Па, сосема очекувано ќе биде тие да постават стандарди и за производите кои допрва ќе се произведуваат. На сето ова надоврзе го растот на цената кај хардверот за меморија. Тој во последната година забележа речиси двоен пораст, јасно ќе ви биде од каде доаѓа кредибилитетот на Samsung.

ИЗВОРDigiliant
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМакедонија2025 доделува стипендии за извршни директори и менаџери на реномирана школа за бизнис во САД
Следна статијаNokia 3310 добива и 4G варијанта – за почеток ќе се продава во Кина