win10-event-hero_large

Закажан од минатиот месец, идната недела, поточно во среда на 21-ви Јануари, Microsoft ќе го одржи Windows 10: The Next Chapter настанот. Настанот ќе се одржува во 18:00 часот по македонско време, а на него најавени се да говорат Terry Myerson, Joe Belfiore и Phil Spencer, како и директорот Satya Nadella.

Од настанот Microsoft ќе врши пренос во живо преку интернет, па истиот ќе може да се гледа преку следниот http://www.microsoft.com/windows10story. По завршување на настанот, достапно ќе биде видео од него, за сите кои што не можеле да го гледаат во живо.

preevent

На овој настан се очекува да бидат претставени повеќе информации околу корисничките функции на Windows 10. Исто така, се очекуваат повеќе информации околу тоа како ќе изгледа и работи оперативниот систем на мобилните уреди и таблет компјутери.

Моментално е достапна тест верзија за програмерите во која што се гледаат основните правци во кои што ќе се развива наредниот оперативен систем од компанијата. Оценките до сега се дека ова е системот кој што требало да биде претставен на местото од Windows 8, па сега за сега прогнозите за него се оптимистички.

Сепак, Windows 10 ќе вклучува повеќе нови функции, како и мали нови работи кои што се уште не се достапни во тест верзијата. Некои од нив можевме да ги видиме од протечените верзии кои што тек ќе бидат достапни на јавноста.

По завршување на настанот се очекува достапност на нови верзии од системот, овој пат повеќе погодни за користење и од обичните корисници, како и можност за тестирање на мобилната верзија.

Не останува уште многу до настанот, па следете го нашиот портал за сите најнови информации поврзани со него.

Извор: Microsoft

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.