IMG_0044

Она што досега го знаеме е дека Microsoft ќе ги спои сите платформи под една верзија од оперативниот систем, поточно Windows 10. Оперативниот систем ќе биде прилагоден да работи на десктоп и лаптоп компјутерите, хибридните уреди, таблет компјутерите, како и мобилните уреди.

Повеќе информации за тоа како Windows 10 ќе изгледа на другите уреди покрај десктоп, а тука влегува и мобилната верзија, се очекуваат на настанот кој што ќе се одржи за нешто повеќе од една недела, на 21-ви Јануари. Овој настан треба да биде насочен кон корисничките функции и можности на оперативниот систем, па би требало да биде интересен за гледање.

Windows 10 моментално е достапен во форма на Technical Preview, поточно еден вид на рана бета верзија и е наменет во главно за програмерите и ентузијастите. Тоа значи дека не е наменет да се користи како главен систем и е полн со багови и слични проблеми.

Корисниците можат да ја симнат оваа верзија од оперативниот систем, покрај симнување преку торент неофицијално, со приклучување на Windows Insider програмата. Оваа програма е наменета за корисниците да го дадат своето мислење околу досегашниот развој на системот и директно да учествуваат во неговиот развој.

Phone Insider апликација стана достапна во продавницата за апликации на Windows Phone. Во нејзиниот опис стои дека корисниците кои што се регистрирани на програмата можат да добијат пристап до рани верзии од оперативниот систем.

windows-insider-wp-screens

Ова јасно покажува дека досегашната Preview for Developers апликација би требало да биде заменета со новата. Исто така, ова оди во правец на информациите според кои што на настанот овој месец, Microsoft треба да даде повеќе информации за мобилната верзија од Windows 10.

Достапноста на апликацијата исто покажува дека корисниците може да очекуваат можност за инсталирање и тестирање на Windows 10 на нивниот мобилен телефон. Дали верзијата ќе биде стабилна и погодна за користење како што е случајот со верзиите инсталирани преку Preview for Developers или полна со багови како на десктоп, останува да видиме.

Phone Insider е достапна за симнување преку продавницата за апликации, меѓутоа моментално не е можно регистрирање на корисниците. Истото се очекува после одржување на настанот, односно до крајот на овој месец.

Извор: The Verge

Претходна статијаL.Y.N.X. 9 – Модуларен гејминг контролер кој се прилагодува на секоја ситуација
Следна статијаChevrolet Bolt EV – Концепт целосно електричен автомобил кој ќе се продава за 30.000 долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.