Screenshot 2015-01-16 13.49.42

Веќе неколку пати можевме да прочитаме како одредени познати луѓе од науката и ИТ секторот ги искажуваат нивните грижи за потенцијалните проблеми од развојот на технологијата на вештачка интелигенција. Овие луѓе се разбира не се против развојот на технологија, таа како и се друго има свои негативни, но и позитивни страни, па тие не треба да се исклучат само поради постоењето на негативните.

Главната грижа кога се збори за потенцијалните проблеми е што ќе се случи кога компјутерите ќе бидат развиени до тој степен што ќе бидат попаметни од луѓето, а и ќе можат да размислуваат за себе, до одреден степен. Верувањето, односно загриженоста е дека тие ќе заклучат дека ние луѓето веќе не сме им потребни, па можностите од тој заклучок се многу.

Можните сценарија за тоа што би можело да се случи се претставени во повеќе филмови, а можеби најпознатиот од нив е Terminator. Во него главниот воен компјутер во САД, кој што ги контролира сите аспекти поврзани со воената опрема, нуклеарните ракети, дронови и слично, решава дека треба да се ослободи од луѓето со што започнува војната помеѓу нив.

Пред некој ден можевме да прочитаме дека голем број на научници, професори, ИТ луѓе и слично, потпишаа отворено писмо поврзано со оваа тема. Писмото кое што е направено од страна на Future of Life институтот, се залага за развој на вештачката интелигенција, како и нејзина корисност за општеството. Тоа значи дека треба да се внимава да технологијата секогаш ја задржи една важна карактеристика, а тоа е дека ние луѓето сме тие кои што ја контролираат и кажуваат што да прави.

Elon Musk беше еден од потписниците на отвореното писмо, а вчера тој реши да донира и пари за работа на Future of Life институтот. Донацијата е во износ од 10 милиони долари, а тие пари ќе се користат од страна на институтот за давање на грандови на истражувачи и научници во развојот на вештачката интелигенција, како и принципите за кои што се залагаат луѓето од институтот и потписниците на писмото.

Извор: FLI, Engadget

Претходна статијаMicrosoft ќе врши пренос во живо од Windows 10 настанот во среда
Следна статијаDolby ја подготвува револуцијата во гледањето видео содржини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.