Во среда, на 5ти јуни со почеток во 15:00 часот во Public room, Македонската берза и официјално ја претстави crowdfunding платформата Funderbeam пред сите заинтересирани за овој вид на шеми за колективно финансирање. Имајќи ја предвид воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа глобална и иновативна crowdfunding платформа станува полесно достапна и на македонскиот пазар.

На настанот земаа учество Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза, Ivana Gažić, Претседател на Управен одбор, Zagreb Stock Exchange, Damir Bicanic, Директор на Funderbeam SEE и Каролина Каровска Божиноска, Раководител на оддел за промоција, едукација и развој во Македонска берза.

Во првиот дел од настанот присутните имаа можност да чујат повеќе детали за  Funderbeam. Funderbeam е платформа преку која се поврзуваат стартап компании и компаниите во рана фаза на развој кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во вакви компании.

Иновотивниот систем на Funderbeam е базиран на технологијата blockchain. Вредностите кои ги овозможува платформата Funderbeam, исто така, се признаени од страна на основачот на Skype Jaan Taalinn, еден од првите инвеститори во Funderbeam. 

Компанијата која ќе одлучи да прибере капитал преку оваа напредна платформа за crowdfunding, ќе има сеопфатна логистичка поддршка на тимот на Funderbeam. Funderbeam ги проверува идентитетите на инвеститорите, ја испитува стручноста на водечките инвеститори и го разгледува квалитетот на бизнис плановите на стартапите, како и нивната подготвеност да комуницираат со инвеститорите и нивниот потенцијал за раст. Откако компанијата ќе се одлучи за Funderbeam, може да смета на активна поддршка во презентирањето на својот бизнис концепт во сите фази на финансирање.

Во вториот дел на настанот, компаниите Elevate Global, Navayo/SIA, KIImo, EkoSun Central, PrymApps и Тера Мегдан КУВЕТ Валандово ги претставија своите тековни проекти пред претставниците од Funderbeam SEE.

Во наредниот период, Берзата планира самостојно или заеднички со другите чинители на македонскиот стартап екосистем да организира низа промотивни настани за подетално запознавање на сите заинтересирани околу можностите што ги овозможува оваа crowdfunding платформа.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.