Најголемата онлајн книжарница во регионот го прославува својот седми роденден овој викенд. Цените на книгите паѓаат до 60 %. КупиКнига.мк ве наградува со намалени цени и подароци за лојалноста и поддршката во изминативе 7 години.

Со самото отварање на сајтот на книжарницата, станувате дел од магијата на КупиКнига.мк и посакувате секоја испишана страница да биде ваша сопственост. Овој викенд КупиКнига.мк ви го подарува токму тоа и прославува.

„Роденден се слави со најблиските, најверните, лојалните и оние за кои што ние постоиме. Тоа сте токму вие, нашите читатели. Овој седми роденден сакаме да им искажеме бескрајна благодарност на сите читатели од нашата држава и целиот свет. Поради нив ние успешно функционираме и ја остваруваме нашата цел и овозможуваме достапност на повеќе од 54 000 наслови со еден клик да стигнат до нивниот дом! Исто така, заедно со нашите соработници и издавачите, кои постојано се трудат да го збогатат фондот на книги, овозможуваме лесна и едноставна достапност на различни жанрови на книги насекаде во светот.“, изјави Стефани Петковска, продукт менаџер на КупиКнига.мк.

Покрај големиот број на попусти на КупиКнига.мк овој роденденски викенд, подароците за роденденот ги добивате вие! 

За КупиКнига.мк

КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги. Моменталната понуда брои над 54.000 изданија на македонски, српски, англиски и албански јазик од најразлични жанрови. Позади КупиКнига.мк стои iVote, водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење.