Договорот подразбира дистрибуција на целокупната палета на производите на Kaspersky Lab: од производи кои се наменети за приватни корисници преку детекциони технологии од најновите генерации како што се услугите за информирање за безбедноста (Security Intelligence Services), потоа интегрирани Kaspersky платформи за безбедност на Endpoint уредите (Endpoint Security Platform) до Kaspersky решенија за управување со закани и одбрана (Kaspersky Threat Management and Defense) – напредни платформи за сајбер безбедноста која ги штити компаниите од комплексни закани.

Компанијата Ingram Micro е дел од Ingram Micro Group – најголемиот светски дистрибутер во областа на ИТ опрема, која има канцеларии во 45 земји и 154 дистрибутивни центри ширум светот. Благодарение на глобалната инфраструктура и фокусот на Cloud технологии, логистика и напредни технолошки решенија, Ingram Micro на партнерите им обезбедуваат соодветни алатки и поддршка за да можат да ги искористат сите потенцијали на напредните технологии за подобрување на својата работа.

„Многу се радувам што Kaspersky Lab започнува соработка со компанија како Ingram Micro, која во иднина, покрај постоечките дистрибутери, ќе се грижи за дистрибуцијата на нашите производи во регионот на Југоисточна Европа”, изјави Зоран Пушковиќ, Генерален директор на Kaspersky Lab за Источна Европа и додаде: „Сигурни сме дека ова партнерство ќе придонесе за остварување на визијата на компанијата Kaspersky Lab за ширење на свеста за сајбер-безбедноста, адекватно и на најдобар начин да го проследиме зајакнувањето на нашето присуство и развојот на бизнисот во многу важна област, како што е Југоисточна Европа. Ова партнерство се гледа и како придонес за настојувањата производите на компаниите на Kaspersky Lab да бидат достапни на поединечни и на бизнис корисници и да им понудиме соодветна поддршка во имплементацијата на нашите најнапредни решенија.”

„Би сакал да го изразам своето задоволство поради соработката што ја потпишавме со Kaspersky Lab. Kaspersky решенијата идеално ќе се вклопат во нашето портфолио решенија за безбедноста на информациите што ги нуди нашата компанија. Соработката со компанијата која е лидер во развојот на сајбер безбедноста, ќе ни овозможи да обезбедиме сигурна заштита на информациските системи на претпријатијата на сите нивоа: од мобилни уреди, до физички и виртуелни информатичко- технолошки инфраструктури на корпорациите. Нашите партнери и преку нив и сите крајни корисници ќе имаат можност да користат врвни системи кои се занимаваат со безбедност на информациите и со сајбер сигурноста. Искуството и знаењето на нашите стручњаци кои реализирале голем број проекти во областа на безбедност на информациите, дополнително го гарантираат успехот на инвестирањето во овие решенија”, изјави Владимир Поповиќ, Извршен директор на Ingram Micro за ЈИЕ надвор од ЕУ земјите.

Според договорот, од 21 август, компанијата Ingram Micro стана дистрибутер на производите на компанијата Kaspersky Lab на пазарите на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

За компанијата Kaspersky Lab

Kaspersky Lab е глобална сајбер безбедносна компанија која постои повеќе од 20 години на пазарот. Опсежното искуство и стручност на вработените во компанијата Kaspersky Lab постојано се користи во развојот на нови безбедносни решенија и услуги кои ги штитат компаниите, критичните инфраструктури, државните институции и крајните корисници низ целиот свет. Целосното портфолио на производите на компанијата ги вклучува водечките безбедносни решенија за крајните корисници како и голем број специјализирани решенија и услуги за заштита од софистицирани и напредни дигитални пречки. Преку 400 милиони корисници се заштитени со технологијата на компанијата Kaspersky Lab, а преку 270.000 корпоративни клиенти ги користат нашите услуги за заштита на своите вредни информации. Дознајте повеќе на веб-страницата  www.kaspersky.com. 

За компанијата Ingram Micro ДОО Белград

Инграм Микро им помага на своите партнери во искористувањето на сите потенцијали на напредните технологии. Благодарение на глобалната инфраструктура и фокус на cloud технологии, логистика и напредни технолошки решенија, ние обезбедуваме нашите партнери да добијат соодветни алатки и поддршка за успешен бизнис. Ingram Micro д.о.о. Белград е дел од Ingram Micro Group – најголемиот светски дистрибутер во областа на ИТ опремата, која има канцеларии во 45 земји и 154 дистрибутивни центри ширум светот. Ingram Micro соработува со преку 1700 добавувачи и купувачи и работи со над 200 000 партнери во 160 земји. Денес во светот не постои компанија која нуди толку широк спектар на технички и логистички услуги. Најголемите светски брендови и продавачи на ИТ решенија се потпираат на нас, за да обезбедат квалитет во своето работење. Нашата посветеност за инвестирање и следење на нови технологии обезбедува сигурност за нашите купувачи. Ние исто така на нашите партнери им нудиме стабилност и ефикасност кога им е најважно и најпотребно. Дознајте повеќе на https://rs.ingrammicro.eu/.

Претходна статијаOneDrive на бизнис корисниците ќе им овозможи препис од видео и аудио датотеките
Следна статијаAppscope е одлична продавница за PWA апликации