art-apple-patent-1-300x0

Ова е новост која може да ги израдува Apple хејтерите кои се радуваат кога и да добијат прилика да посочат дека Apple воведува некоја функција покасно од конкурентните компании. Во случајов се работи за 2 нови патенти поврзани со функции кои веќе ги видовме во Samsung производите.

Конкретно се работи прво за патентот No. 8,614,693 во Американското биро за патенти. Истиот тој опишува нова технологија со која корисникот би можел да го контролира својот мобилен уред без да мора физички да го допре истиот. Конкретно патентот опишува повеќе начини со кои корисникот може да прави гестови во воздух, над уредот, а тој, уредот да протолкува што сака да постигне корисникот, било тоа да смени страна на читана книга, да покаже преглед на некоја интернет страница или да ја смени песната која свири во заднина.

Секако, фановите на Samsung ќе посочат дека ова постои во нивните уреди уште од лани. Меѓутоа она што може да се посочи тука е дека Apple спрема многу пософистицирана и покомплексна имплементација, односно начин за постигнување на истото. Воедно, би било грешно да се претпостави дека сето ова е “во реакција на Samsung” бидејќи Apple со години поднесува патенти на оваа тематика. Она што може да се заклучи и од овој случај, но и во случајот на многу други претходни функции – е дека Apple има многу по перфекционистички пристап каде не воведуваат опција додека не најдат имплементација со која се среќни.

Тоа не значи дека пристапот на Samsung е полош, тие имаат генерално стратегија да ги воведуваат функциите што побргу, па со текот на времето да ги “пеглаат”.

Вториот патент кој го поднесува Apple е патентот  No. 8,615,290, и истиот се однесува на вграден мерач на човечки пулс во Smartphone уреди. И овде можеме лесно да се посомневаме дека се работи на реакција спрема најновиот Galaxy мобилен кој во последното издание беше особено насочен кон фитнес ентузијасти со големиот број на вградени апликации и иновации корисни за корисникот кој сака да следи фитнес мерки и здравствени индикатори. Во овој случај не знаеме дали е точно, но сепак знаеме дека ќе ги израдува големиот број фитнес ентузијасти кои преферираат Apple уреди.

Претходна статијаSleepPhones – слушалки во форма на појас за глава, за полесно заспивање
Следна статијаNokia ја повлече Here Maps апликацијата од Apple App Store