Лас Вегас, Невада 5. јануари, 2018 – Компаниите20th Century Fox“, “Panasonic Corporation“ и “Samsung Electronics“ денес најавија ажурирање на нивната заедничка сертификација и лого програма за слободната за користење, без надоместок, динамична платформа за метаподатоци за Високо Динамички Опсег (High Dynamic RangeHDR), нарачена HDR10+ која првично ја најавија минатата година на ИФА саемот во Берлин.

Оваа HDR10+ платформа наскоро ќе стане достапна за компаниите кои нудат содржини, ТВ уредите со висока дефиниција, Блу Реј диск плеерите/уреди за снимање и сет-топ бокс производителите, како и овозможувачите на Системи на чип (SoC – System-on-Chip), без надомест, со само номинална административна такса. Компаниите ќе може да го видат новото лого, да научат повеќе за програмата за лиценцирање, вклучувајќи ги финалните спецификации, договорите за усвојување и да се регистрираат за да добијат нотификација за достапноста на техничките спецификации за HDR10+ на

http://www.hdr10plus.org. Дополнително, Ultra HD Blu-Ray алатките за генерирање на метаподатоци се развиени од трети страни и наскоро ќе бидат достапни за креаторите на содржини овозможувајќи Ultra HD Blu-ray плеерите да станат дел од пазарот. Детали за трансферот на содржини и интерфејс форматот за структурата на процесот за создавање на содржини ќе бидат исто така наскоро објавени.

HDR10+ ќе овозможи вистинско премиум HDR искуство за гледачите преку програма за сертифицирање на уреди, осигурувајќи точна претстава за креативната намера изразена преку содржината. Исто така, подобрувањата во работниот процес за креаторите на содржината ќе охрабри зголемување на производството на премиум HDR содржини.

HDR10+ програмата за лиценцирање ќе им овозможи на заинтересираните компании неопходни технички спецификации и спецификации за тестирање за имплементирање на HDR10+ технологија на начин на кој истовремено ќе се одржи високиот квалитет на сликата и ќе допринесе производителите да го употребат мапирањето на динамичен тон иновативно. Придружната програма за сертификација ќе осигура производите што се во согласност со HDR10+ ќе ги задоволат критериумите за добар квалитет на сликата и ќе ја пренесат креативната намера на филмските режисери и кинематографи. Сертифицираниот продукт ќе го има HDR10+ логото, кое е ознака за одличниот квалитет на слика на продуктот.

Клучните аспекти на програмот за лиценцирање ќе вклучуваат:

  • Бенефит за производителите на уреди (пример: TV, Ultra HD Blu-ray, OTT STB, итн.), провајдери на услуги за овозможување на дистрибуција на содржини, производители на Системи на Чип (SoC), објавувачи на содржини и провајдери на алатки за креирање на содржини.
  • Без надоместок по единица.
  • Номинална, годишна, административна такса за производителите на уреди, производителите на Системи на Чип (SoC) и провајдерите на алатки за креирање на содржини.
  • Техничка спецификација, спецификација за тестирање, HDR10+ лого/насоки за лого, патенти од три компании директно поврзани со техничките и тест спецификациите.
  • Сертифицирањето на уредите ќе биде изведено од трета страна, авторизиран центар за тестирање.

Со започнување на HDR10+ програмата за лиценцирање, трите компании – основачи ќе ги инкорпорираат HDR10+ технологиите во сите идни Ultra HD филмски изданија, одбрани ТВ уреди, Ultra HD Blu-ray плеери / уреди за снимање и други продукти.

Ни беше од голема важност да создадеме отворен систем кој е флексибилен и овозможува искуство при гледањето кое е поблиску до креативната намера на креаторите на филмот. Заедно со Самсунг и Панасоник, насочени сме кон стандардизирање на процесот на лиценцирање со цел да го направиме полесно за партнерите, вклучувајќи ги креаторите на содржини, телевизиите и производителите на уреди инкорпорирањето на оваа тенологија и да го подобриме гледачкото искуство за целата публика.“ – изјави Дани Каји (Danny Kaye), Извршен Подпретседате на Компанијата “20th Century Fox“, и Управител на “Fox Innovation Lab“.

Поддршката за HDR10+ продолжува да се зголемува и компаниите со нетрпение очекуваат да започнат да ги користат 3Ц (3C) спецификациите и програмата за сертифицирање. Повеќе од 25 компании од различни индустрии веќе искжаа голема заинтересираност во поддржување на HDR10+ платформата, дополнително зајакнувајќи го нејзиниот пат кон успехот.

Амазон Прајм Видео (Amazon Prime Video), првиот стриминг провајдер на услуги кој овозможи HDR10+, ја направи целата “Prime Video HDR“ видеотека достапна во HDR10+ глобално. Со “Prime Video HDR10+“ каталогот се опфатени стотици часа содржина Прајм Оригинали како “The Grand Tour, номинираните за Golden Globe® – “The Marvelous Mrs. Maisel, “Jean-Claude Van Johnson, “The Tick и “The Man in the High Castle“, како и стотици лиценцирани наслови.

Компанијата “Warner Bros. Home Entertainment“ ќе поддржи HDR10+ за да овозможи динамично решение за мета податоци за “Warner Bros.“ содржини за Самсунг, Панасоник и останатите 4K HDR ТВ уреди кои поддржуваат HDR10+.

Warner Bros. како компанија секогаш се стреми кон овозможување на следната најдобра генерација домашна забава за уште подобро искуство на потрошувачите. Со HDR10+ динамичните метаподатоци, нашата компанија може да продолжи со попрецизно доловување на визијата на креаторите на филмоите на нашите изданија за 2018 и нашиот богат каталог со преку седумдесет и пет 4K HDR наслови за домовите, со широк опсег ТВ уреди кои поддржуваат HDR10+.” – изјави Џим Вутрих (Jim Wuthrich), Претседател на Сектор за Стратегија за Америка и Глобална Стратегија во Компанијата “Warner Bros“.

Новата HDR10+ технологија го оптимизира квалитетот на сликата за следната генерација екрани со користење на динамичко мапирање на тонови за рефлектирање на варијациите во светлината, сатурацијата и контрастот во преминувањето од еден во друг фрејм или сцена, овозможувајќи збогатено гледачко искуство. HDR10+ технологијата го оптимизира перформансот на голем број 4K телевизори со ултра висока дефиниција,  овозможувајќи репродукција на широк спектар ТВ уреди од следната генерација да овозможат корисничко искуство многу поидентично со оригиналната креативна намера за Холивудските филмови.

Со обединување на знаењето и технологијата од трите Компании – основачи, HDR10+ има потенцијал да даде значителни придобивки за квалитетот на сликата, како за гледачите, така и за креаторите на содржини. Соодветно на тоа, Панасоник предвидува широка поддршка за HDR10+” – изјави Тошихару Тсутсуи (Toshiharu Tsutsui), Директор на Дивизија за Бизнис со ТВ уреди, Панасоник.

Самсунг е посветен на технологиската иновација низ сите наши ТВ уреди и HDR10+ претставува еволуција во квалитетот на екраните за најдобро возможно гледачко искуство. Исто така, ние ја дизајниравме и HDR10+ платформата за да охрабриме иден развој, се со цел да овозможиме подобрена технологија во годините што следат.“ – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Chu), Сениор Подпретседател на Бизнис со Визуелни Дисплеи, Самсунг Електроникс.

Компаниите “20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“ ќе ги претстават техничките демонстрации на HDR10+ технологијата на “CES 2018“. Акредитираните новинари или заинтересираните страни за програмата за лиценцирање, за повеќе информации може да испратат меил на: chris.bess@fox.com. Акредитираните новинари може да го погледнат техничкото демо за HDR10+ на Панасоник во рамки на нивниот сектор во “MGM Grand“ Конференцискиот Центар. Демо за HDR10+ технологијата ќе биде претставено и во рамки на настанот “Samsung’s First Look“ во “Enclave Las Vegas“ на 7. Јануари.

За повеќе информации за HDR10+ програмата за лиценцирање, ве молиме контактирајте ја административната канцеларија за HDR10+ лиценци на следниов меил: info@hdr10plus.org.

Претходна статијаОне.Вип и Македонски Телеком ги исклучија Discovery и Eurosport каналите
Следна статијаВо Кина украдено парче од првиот фотоволтаичен автопат