Издавањето на корпоративни тајни и сигурноста на податоците не се нова тема. Сепак, развојот на технологијата направи шпионирањето да биде полесно од кога било. Се’ што треба да поседувате е обичен преносен уред или да се прикачите на Интернет, со цел да ги изнесете податоците надвор од фирмата.

Звучи едноставно? За среќа, компаниите, особено оние големите се свесни за овој момент и преземаат најразлични акции со цел да ја обезбедат дискретноста за она што се случува внатре во компанијата. Во последниве неколку дена IBM, познатата американска мултинационална технолошка компанија, им забрани на своите вработени било какви преносни уреди. Тука се вклучени USB дискови, флеш драјвови, SD картички и надворешни хард дискови.

Некој можеби ќе искоментира дека станува збор за параноично однесување, меѓутоа факт е дека иновацијата и прилагодувањето на потребите на пазарот се клучни за успех и профит на компанијата. Времето, позиционирањето и брзината во пласирање на продукт се важни фактори кои придонесуваат за ова и токму затоа контролата од високо ниво воопшто не треба да изгледа зачудувачка или невообичаена. Што се однесува до конкретниот случај на IBM, дополнителна причина за овој чекор се големите придобивки на компанијата во компјутерската технологија. Тие неодамна објавија дека работат на ултра тенкиот и мал компјутер во светот, а покрај се вклучија и во 240 милионскиот проект во областа на вештачката интелигенција заедно со Watson AI.

Ова значи дека добар дел од информатичарите во големата компјутерска компанија, најверојатно, ќе бидат навистина исфрустрирани, но тоа е реалноста, едноставно таков е светот во кој живееме. Белата куќа, меѓу другите организации, е исто така еден од ваквите случаи, бидејќи се бори да се бори против протекување на информациите од внатрешноста. Технологијата е демократизирана и постои голем потенцијал (или опасност, како сакате наречете го) да ги споделиме тие работи што можеби не би требало со останатите. Понекогаш, тоа се случува ненамерно. Слично како и вирусите.

Што би направиле вие да станува збор за ваша компанија? Какви чекори преземаат македонските фирми за заштита? Или можеби воопшто не сме стигнати до фаза каде имаме доволен број фирми да развиваат сопствени продукти, за да преземаат посериозни чекори за корпоративна дискреција и превенција?

Претходна статијаYouTube канали што треба да ги следите (ФИЛМ)
Следна статијаLenovo Z5 ќе биде телефон без рамки и исечок на екранот