Можеби на обичниот корисник којшто е научен да функционира на Windows, светот на Linux му е непознат и го смета за неважен. Меѓутоа, дали повеќето од вас знаете дека најголемиот број од веб страните коишто ги отворате секој ден, функционираат на некоја од верзиите на Linux.

Овој оперативен систем, којшто е со отворен код, најмногу е распространет на серверите во светот, како и во сервисите кои се нудат преку тие сервери, односно Cloud сервисите. Red Hat е едно од најпознатите имиња во овој бизнис во Linux светот, па компанијата сега станува дел од уште една огромна компанија во ИТ индустријата, IBM.

IBM и Red Hat овој викенд излегоа со соопштение дека имаат склучено договор за купување на Red Hat од страна на IBM за сума од 34 милијарди долари. Вредноста по акција која ќе ја плати IBM изнесува 190 долари, а вредноста по која се тргува акцијата изнесува околу 117 долари.

Red Hat ќе стане дел од IBM, но ќе продолжи со своите главни сервиси. Директорот на компанијата ќе влезе во менаџерскиот тим на IBM, со што ќе се засили оваа компанија со неговите познавања.

Главната причина поради која IBM ја купува оваа компанија се cloud сервисите кои стануваат се повеќе популарни, но не секогаш се понудени од компании како отворено решение, односно решение на основа на отворен код.

Се очекува IBM да биде една од најголемите компании во овој бизнис којшто се’ уште има голем простор за пораст.

Според CNBC ова е најголемата зделка која ја има направено IBM, а исто така е и трета по големина во ИТ индустријата во САД.

ИЗВОРIBM
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаКако да дебатирате рационално и фер кога се е хистерично и лудо?
Следна статијаИсечоците на екраните изгледа ќе бидат само привремено тука – Mi Mix 3 го продолжува трендот на уреди без исечок и без рамки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.