Screenshot 2015-03-24 17.29.43

Google веќе е еден од главните играчи на светскиот пазар на реклами на интернет. Тоа е и нивниот главен бизнис кој што овозможи компанијата да прерасне во гигантот кој што е денес и да може да се прошири во многу повеќе области од основната.

Концептот кој што се применува во рекламирањето онлајн, Google планираат да го донесат и кај телевизиите. Тоа значи дека огласувачите ќе го договараат рекламниот простор преку Google, нешто што сигурно нема многу да им се допадне на телевизиите.

Огласувачите преку платформата за рекламирање ќе можат да избираат на кои канали истите да бидат прикажувани, колку пати да бидат прикажани на еден телевизор, а за истото ќе им биде наплатено само кога рекламата ќе биде видена. Уште една предност на овој начин на рекламирање е тоа што огласувачите ќе можат да следат статистики за гледањето на нивната реклама, а со тоа и реалниот ефект.

Од Google ќе го следат гледањето на каналите на корисниците, исто како на интернет, а со тоа ќе им бидат прикажувани реклами кои што тие би требало да сакаат да ги видат.

Ова се разбира ги донесува грижите за приватноста кои што се актуелни на интернет, меѓутоа развојот на технологијата и сервисите оди во тој правец, а работите и не се до тој степен страшни како што некогаш изгледаат.

За почеток новиот концепт на рекламирање Google ќе го тестира во Kansas City, еден од градовите каде што е достапен Google Fiber, сервис преку кој што корисниците добиваат оптички интернет и телевизија.

Извор: Google, Gizmodo, Adweek

Претходна статијаМеханичка тастатура со вграден Raspberry Pi 2 компјутер
Следна статијаКина го создаде првиот трамвај кој работи на водород
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.