hydrogen-tram-672x372

Кога проблемите со цената на нафтата и загадувањето од нафтените деривати почнуваа да стануваат проблем човештвото почна да размислува кон замена на истата со други извори на енергија кои се почисти. Едно решение беше нуклеарната енергија (која имаше неколку значајни катастрофи како Чернобил и Фукушима), друго беше сончевата енергија (која добро се развива) и третото беше водород. Водородот е гас кој овозможува голема и релативно евтина енергија да се постигне по цена на нулта загадување.

Токму тоа беше рапортирано од Кина. Кинеската компанија Сифанг која е дел од корпорацијата Кинеска јужна пруга, го покажа својот најнов проект – трамвај кој работи на водород. Според нив, овој трамвај со едно полнење на резервоарот ќе има капацитет да извози околу 100 километри на брзини од 70 км/ч. Иако можеби ова не изгледа како револуционерно, сепак ниту една друга држава или компанија во светот го нема развиено концептот на водороден погон за трамваи и возови што е одредено достигнување.

Трамвајот ќе треба да се полни максимум 2-3 пати во текот на работниот ден, а самото полнење ќе трае само 3 минути, што практично значи дека полнењето нема ни да биде забележано од патниците, екипажот или било кој друг и нема да смета во секојдневната работа. Тој ќе може да пренесува околу 380 патници во исто време, што е сосема доволно за еден трамвај. Според Лианг Џианјинг, главниот инженер на Сифанг, „Просечното растојание на трамвајски линии во Кина е околу 15 километри, што значи дека едно полнење ќе биде доволно за три поминувања по линија“.

Водородот е евтин извор на енергија, но прилично е незгоден за транспортирање и употреба. Тој треба да се држи на соодветна ниска температура и затворен под притисок (за да се држи во течна состојба и плус да не создава азот-кислород соединенија), а се` уште нема поефикасен начин за создавање и собирање водород освен преку електролиза или хемиски реакции – нешто што бара доста енергија (иако нешто се наговестува во тој правец). Позитивната карактеристика е што во реакцијата на согорување (водород + кислород) единствено нешто што се создава во контролирани услови е енергија и вода, што значи никакво загадување.

Кина го развива овој погон веројатно поради тоа што сака да се наметне како едно од водечките технолошки општества во светот, и поради решавањето на огромниот и горлив проблем со загадувањето. Според нивното Министерство за заштита на околината, 90% од градовите во Кина имаат поголемо загадување од дозволеното, а загадувањето како што знаеме е тивок убиец.

Извор: RTScience Alert

Претходна статијаGoogle ќе го менува начинот на рекламирање на телевизија
Следна статијаFacebook го претстави On This Day – Нов начин да ги видите вашите стари објави