Една од поинтересните новости изминатиот период беше секако најавата дека Microsoft го купува GitHub за 7,5 милијарди долари. Веднаш по објавата голем број од програмерите кои се дел од оваа заедница ги истакнаа своите „грижи“ околу оваа зделка, а голем дел од нив и веднаш најавија дека го напуштаат GitHub.

GitHub инаку е еден вид на таканаречено „складиште“, односно место каде програмерите го објавуваат кодот од своите програми и проекти, а токму GitHub е можеби и најпознатото и најпопуларно место за оваа намена. На оваа страна своите проекти ги објавуваат и компании како Google, Facebook, Apple и слични, покрај огромниот број на помали и независни програмери.

Според изјавата на Дајен Грин, главната во Google за сервиси во облакот, изгледа и оваа компанија била заинтересирана за купување на GitHub. Таа за време на настан од Fortune Magazine во текот на вчерашниот ден изјави – „Јас на би имала против да ги купевме, но во ред е“.

Од оваа изјава се разбира не може дефинитивно да се заклучи дека Google учествувале во посебни преговори за купување на GitHub, меѓутоа се смета како еден вид на потврда на неофицијалните информации за ова.

Инаку, повеќето компании кои работат на оваа платформа се надеваат дека Microsoft ќе успее да ја задржи работата на GitHub како што беше до сега, без да направи промени кои би ги избркало програмерите.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаInstagram претстави Lite верзија од нивната Android апликација
Следна статијаПатенти од Facebook го покажуваат односот на компанијата кон приватноста на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.