Почнаа со LinkedIn, а сега на ред и GitHub. Откако увиде дека работата со нивниот оперативен систем нема да биде стабилна за профит на долг рок, Microsoft почна со купување на друштвени мрежи, со цел да остане во чекор со своите конкуренти и да си обезбеди сигурна иднина.

Овојпат, станува збор за GitHub – познатата платформа за девелопери и дефинитивно најдоброто место за регрутирање на ИТ таленти.

GitHub располага со преку 28 милиони профили за развивачи на софтвер и разни ИТ организации. Голем број на проекти со отворен код егзистираат токму на оваа платформа.

Инаку, ова не е првпат Microsoft да се обиде да го купи GitHub – нивниот прв обид беше пред две години, во 2016 година, кога GitHub добиваше втора рунда на инвестиции и од Microsoft проценија дека може да имаат удел во тоа. За нив тогаш беше неуспешен обид, но еве, две години подоцна, нивната желба се исполни.

Мора да се признае дека работите за Microsoft се развиваат во интересна насока. LinkedIn е во нивна сопственост и е најголемата професионална мрежа за регрутирање на луѓе за вработување. Тие го комбинираа LinkedIn со Lynda – платформа за курсеви за професионално усовршување и сега во својата палета производи го додаваат и GitHub кој се чини дека одлично ќе ги надополни овие две платформи. Да не заборавиме дека Microsoft инвестираше и во ResearchGate – платформа за научници, па по се’ изгледа дека планираат да доминираат во областа на професионално вмрежување и надоградување.

Реклами за LinkedIn веќе почнаа да се прикажуваат и на GitHub, што е навистина експресно. Microsoft навистина немаат време за чекање.

Microsoft, GitHub

Засега, ИТ инженерите не се воодушевени од оваа вест и би рекле дека тоа е логично, ако се земе во обѕир дека Microsoft не е популарен помеѓу open source заедниците, но како и да е, рано е да се коментира, бидејќи веста е се’ уште свежа. За Microsoft моментално се важни три работи:

  1. Прво, да ги поддржат девелоперите во секоја фаза од развојот на софтвер, почнувајќи од идеја до колаборација и поставување на апликацијата во облак. Се планира GitHub да остане отворена платформа, на која секој девелопер ќе може да развива, без оглед на тоа кој програмски јазик се користи, кои алатки или кој оперативен систем
  2. Второ, да се забрза користењето на GitHub за програмерите кои работат во фирми, преку директни продажби и партнерски канали, како и преку пристапот до глобалниот облак и сервиси на Microsoft
  3. Трето, да се доближат алатките за развивање на софтвер до поголема и потаргетирана публика, во споредба со досегашната на која рекламира познатата ИТ компанија

Како и да е, ќе видиме како ќе се развиваат работите за нив во иднина.

Кои се вашите коментари?

Претходна статијаБаскерфест 2018 збогатен со многу нови забавни содржини
Следна статијаПремиерно – Научници бубалици од 07.06.2018 на Дискавери во 21.00 часот