moves-app

Moves е апликација достапна за iOS и Android, која што за разлика од другите фитнес апликации, автоматски ја следи вашата дневна активност. Тоа значи дека наместо да треба да ја вклучите апликацијата пред секоја активност, истата да ја изберете, Moves е цело време вклучена и автоматски препознава дали шетате, трчате или возите велосипед, а дури и ги препознава локациите каде што обично се движите. Потоа имате можност да ја прегледувате вашата дневна активност и да видите колку чекори имате поминато или колку километри имате истрчано.

Денес од компанијата која што ја развива оваа апликација изјавија дека се купени од страна на Facebook и стануваат дел од нивниот тим. Развојот на апликацијата ќе остане независен, односно нема да биде интегриран во Facebook сервисот. Информации за вредноста на договорот се’ уште нема, па останува да видиме во наредните денови.

Претходна статијаФормирана иницијатива за финансирање на open source проекти за спречување на нови Heartbleed случаи
Следна статијаGoogle Hangouts 2.1, спојување на текст и чет пораките во еден разговор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.