Блокчејн технологијата е можеби една од најактуелните работи во последните неколку години, а популарноста на оваа технологија тек ќе зима на „залет“. Главната популарност на оваа технологија доаѓа од криптовалутите, една од можностите која ја овозможува оваа технологија.

Главната причина поради која оваа технологија е популарна е нејзината децентрализираност, односно не постоењето на една или повеќе места кои ги контролираат трансакциите со податоци, како и заштитата на таканаречените блокови од промени. Ова ја прави блокчејн технологијата прилично независна, приватна и отпорна на пробивање.

Во главно оваа технологија е измислена за потребите на нова и независна светска валута, такви има повеќе, а најпознатата е Биткоин.

Facebook изминатиот период направи неколку кадровски промени со кои ќе се обиде да повеќе навлезе во светот на блокчејн технологијата. Главната промена е префрлувањето на Дејвид Маркус во посебен сектор наменет за оваа потреба, човек којшто до пред некое време беше главен на Messenger. Маркус исто така беше и претседател на одборот на директори на PayPal, што сепак го става и како правиот човек за разработка на криптовалута.

Повеќе информации веќе можеа да се прочитаат поради оваа промена во Facebook дека тие ќе претстават сопствена ктиптовалута, меѓутоа тоа не мора да е сигурно случајот. Блокчејн технологијата може да се користи и за други намени, меѓу кои и енкриптиран сервис за чување на податоци, како што истакнуваат од Recode.

Како и да е, интересирањето на компанија како Facebook за оваа технологија покажува колку е истата корисна, популарна и спремна да остане и во иднина.

ИЗВОР 2Recode
Претходна статијаЗапочнаа Деновите на финансиската писменост
Следна статијаБорбата на интернетот во Македонија на почетокот беше за корисници, денес е борба против лажните вести и говорот на омраза
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.