Скопје, (09.03.2018) Охрабрување на младите за технологијата е една од целите на YouthSpark иницијативата на Мајкрософт. Нивната DigiGirlz програма цели кон тоа да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи затоа што нивното учество во овие полиња за работа е помало отколку што треба. Време е да се промени светот и што повеќе жени да се охрабрат и да се вклучат во некоја СТЕМ професија.

DigiGirlz се организира низ целиот свет, а во Македонија за младите девојчиња од средните училишта се резервирани два дена, 15ти и 16ти март, во Скопје и Тетово. Првиот настан ќе се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, додека вториот ќе биде на ФИНКИ во Скопје. За време на овие два настани успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработените од Мајкрософт ќе зборуваат со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите. Воедно, тие ќе дознаат и за тоа како е да се работи во познати компании од Македонија и во Мајкрософт додатно охрабрувајќи ги дека тие можат да бидат промената која треба да ја има во општеството.

Оваа програма им овозможува на девојчињата да се запознаат со технологијата и бизнисот, им дава совети за нивните желби и кариера и им ја демонстрира моќта на тоа што можат да станат во иднина, а тоа е сопствениот и развојот на нивната заедница. Со учество во DigiGirlz програмата, младите девојчиња може да се запознаат и со бројни можности кои се наоѓаат во технолошката индустрија и да ја разгледаат нивната идна кариерна патека.

„Технологијата нуди висок спектар на професионални можности за жените и изборот најчесто зависи од целите кои тие ќе си ги постават за себе и како тие ќе се вклопат со нивните соништа.“, истакнува претставник на Мајкрософт Македонија во пресрет на DigiGirlz.

Претходна статијаТристан Харис: Смартфоните се алатка за масовна манипулација
Следна статијаОтворен повик за 11-то издание на ЛИДЕР проект: Врвна програма за бизнис образование во Македонија