www.shopcatalog.com/Flickr

Скандалот кој го погоди Facebook оваа година беше еден од најголемите, а можеби и единствените поврзани со друштвените мрежи. Можеби со години од повеќе страни слушаме предупредувања за бројот и видот на информации кои ги имаат овие мрежи за нас и моќта која ја добиваат со тоа, меѓутоа до овој скандал сето тоа некако остануваше на „муабети“.

За потсетување, компанијата Cambridge Analytica доаѓа до огромен број на податоци за милиони корисници на Facebook, во главно од САД. Тоа го прави преку креирање на Facebook апликација, поточно квиз од страна на професор од Cambridge универзитетот. Поради начинот на којшто функционираат овие апликации, односно можноста за пристап до информации за корисниците, но во тоа време и на нивните пријатели, повеќе од 80 милиони корисници се искористени за разни манипулации со избори, други гласања и слично.

Поради огромните критики кои беа упатени на адресата на Cambridge Analytica, минатата недела оваа компанија реши да прекине со работа и да поднесе барање за прекин поради банкрот. Сето ова се виде некако логично после сите случувања, меѓутоа дали работите се како што изгледаат ?

Според информациите на Financial Times, компанијата во чија сопственост е Cambridge Analytica, SCL Group, минатата година има формирано нова компанија која го носи името Emerdata. Оваа компанија исто така треба да работи со податоци, како што беше случајот со Cambridge Analytica, а оваа компанија ја има истата адреса и директори со другата компанија.

Од компанијата мајка не ги негираат овие информации, иако се разбира дека не ги ни потврдуваат директно. Тие само изјавуваат дека се работи за бизнис одлуки, а од компанијата ќе ги донесат потребните одлуки по завршувањето на истрагите.

Facebook по откритието, поточно јавното откритие, воведе повеќе мерки за подобра заштита на приватноста на корисници, меѓу кои и најновата „Clear History“ претставена на минатонеделната F8 конференција.

Сепак, заклучокот останува. Друштвените мрежи се јавни „места“ и така треба да бидат третирани од страна на корисниците. Тоа значи дека не е проблем истите да продолжат да се користат, меѓутоа нема потреба од толку масовно оставање на секакви информации, меѓу кои и такви кои можат да се искористат на повеќе начини.

ИЗВОРhttps://www.fastcompany.com/40568175/cambridge-analytica-could-be-reborn-as-emerdata
Претходна статијаПо повод 1ви мај – до каде сме со прогресот на работниците
Следна статијаSamsung овозможува продолжена гаранција од пет години на одбрани “UHD” и “QLED“ модели на ТВ уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.