Најпрво, животниот век. Луѓето денеска живеат во просек околу 75 години vs. 60-те години просек во 1960та. 15 години повеќе живот (или агонија!?:)). Не е лошо, што укажува дека сепак сме успеале до некоја мера да ги донесеме во Македонија дел од медицинските и останатите практики, технологии и знаења.

Но како стоиме со кеш? Според ДЗС, просечната нето-плата по вработен во 1991г. изнесувале ~3,700денари, а денеска се движи ~23,500 денари. Ок, но што може да купиме со парите? Иако неспорен факт е дека денарот губи вредност на годишна основа (без разлика на официјалните статистики, сите осеќаме колку полни 1.000ка во маркетите!), и во нашава каква таква квазимодо пазарна економија работите тежнеат кон повисок квалитет по пониска цена.

Според податоците од ДЗС, во споредба со почетокот на 90-тите денеска домаќинствата се подобро снабдени со трајни потрошни добра за ~20-30% за секој производ (!), имаат пристап до интернет во секое село по релативно ниска цена, скоро секој граѓанин (82%) има паметен телефон ем трошоците за комуникација се намалени за над 20% во споредба со 2005 (пред делумната либерализација), итн.

И не само што имаме подобри производи кои се достапни за огромен број од домаќинствата, туку сите се полесно достапни ако се земе предвид часовите потребно работно време да се одработи за да се купи единица производ. Скоро секој производ е двојно подостапен/поевтин него во 90-тите, од јаболка до свежа пастрмка или патики.

Ова го потврдува и податокот дека во овој период реалниот пораст (порастот – инфлација) на просечната нето-плата е ~50%.

Но што правиме со безбедноста на работното место?! Според датабазата на Светската здравствена организација и податоците од нашиот Институт за јавно здравје, стапката на повредите при работа на 100.000 работници е намалена од 815 во 1980г. на 43 повреди денеска. А работници кои починале на работно место? Исто има големо подобрување – од ~70тина починати на работно место во 80-тите, до околу 1-5 починат работник годишно во последните години.

Мора тука да се напомене дека ниската стапка делумно се должи и на неразвиениот систем на пријавување и регистрирање, но сепак тенденцијата е јасна: Работниците денеска се далеку побезбедни отколку само 20-тина години претходно!! И не само ова – денеска структурата на економијата е многу поинаква отколку во минатото, а се повеќе и повеќе работници работат административни, услужни или други генерално безбедни работни места во споредба со минатото кога земјоделието и тешката индустрија била доминантни.

Се на се, како што реков и на почеток, не е се толку црно. И дефинитивно, факт е дека е многу подобро отколку пред 20-30 или повеќе години. 100% се согласувам дека можеме многу подобро и дека е многу полошо него што треба да биде, особено во споредба со оние земји кои побрзо ги прифатија западните вредности. Сепак …