Со цел да се поедностави потрагата за најдобри производи и услуги по најповолни цени на македонскиот пазар, меѓународната организација ICERTIAS го спроведе истражувањето на пазарот за Best Buy Award General I 2019/2020.

Македонците беа дел од истражувањето во околу 50 различни економски и неекономски категории од различни сектори, меѓу кои малопродажба, прехрана, козметика, уреди за домаќинството, телекомуникации и финансии.

Преку отворени прашања, истражувањето ICERTIAS Best Buy Award го испита мислењето на испитаниците од Македонија во однос на производите и услугите за кои тие веруваат дека претставуваат најдобра зделка (односно нудат најголема вредност за нивните пари).

Меѓу победниците на независното истражување на пазарот за Best Buy Award 2019/2020 се: KAM во категорија супермаркети; Витаминка во категорија производители на кечап; Милка во категоријата производители на чоколадо; KIA во категоријата производители на автомобили; Sport Vision во категоријата синџир за спортска облека, спортски обувки и опрема; Teлекабел во категоријата оператори на мобилни телефони и интернет за домот, Triglav во категоријата осигурителна компанија.

Некои од победниците во другите категории се: Argeta (паштета); Nescafé (инстант кафе); Bimilk (јогурт, млеко); Скопско (светло пиво); Виталиа (инстант супа, житарки); Divella (тестенини); Вива (производител на овошни сокови); Plazma (бисквити); Здравје Радово (сирење); Кристал (маргарин), Пелистерка (негазирана минерална вода); Савана (патничка агенција); Neptun (малопродажба на бела техника); Cosmo (синџир парфимерии); Schauma (шампони); Colgate (паста за заби); Ariel (детергент за алишта); Ornel (омекнувач за алишта); Пеко (продавница за чевли); Жито Лукс (производител на леб); Братство (производство на садови за готвење); Зегин (синџир аптеки); Макпетрол (бензински станици).

Синиот медал за Best Buy Award им помага на потрошувачите во процесот на купување со тоа што им олеснува да најдат производи и услуги на локалниот пазар за кои другите потрошувачи веќе потврдиле дека нудат најдобар однос меѓу цената и квалитетот (најдобра вредност за пари), согласно нивното дотогашно искуство. 

При вашето следно пазарење побарајте го синиот медал – Best Buy Award и пробајте ги производите и услугите кои другите потрошувачи ги изводиле како најдобри на пазарот според односот меѓу цената и квалитетот.

Методологија и примерок

Истражувањето за наградата 2019/2020 ICERTIAS Best Buy Award General (www.bestbuyaward.org) во Македонија беше спроведено од страна на меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH (www.icertias.com).

Истражувањето се спроведе во февруари 2019 година преку прашалник на Интернет, на примерок од 1200 корисници на Интернет во Македонија, постари од 15 години (генерална популација), со методот за интервјуирање преку интернет со помош на компјутер (Computer Assisted Web Interviewing – Deep Mind Awareness (CAWI – DEEPMA).

Компаниите не можат самите да се пријават или номинираат за да бидат дел од истражувањето на пазарот за наградата Best Buy Award. Брендовите можат само да ја „заработат“ наградата Best Buy Award само ако нивните производи или услуги го освојат првото место (најголем број на гласови од корисници/испитаници) во конкретната категорија од истражувањето. Кога одговараат за тоа кој им е омилен избор, испитаниците одговараат на отворени прашања, каде можат слободно да именуваат производи или услуги, со сопствени зборови.

Треба да се истакне дека ова истражување за наградата ICERTIAS Best Buy Award не го мери капиталот на брендот или пазарниот удел на брендот. Ова истражување обезбедува увид во личните искуства на корисникот, мислењата, задоволството и перцепциите, кои се користат исклучиво за да се измери односот меѓу цената и квалитетот на добрата и услугите на пазарот. Истражувањето на ICERTIAS за наградата Best Buy Award е целосно извршено во согласност со „Меѓународниот кодекс за пазарни и социјални истражувања“ усвоен од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската асоцијација на експерти за истражувања (ESOMAR).

Претходна статијаMozilla Firefox 66.0 достапен од денес со блокирање на страните кои автоматски пуштаат звук
Следна статијаInbox апликацијата од Google престанува со работа на почетокот од април