Plane rear-970-80

Веројатно сите бевме сведоци на мистериозното „снемување“ на малезискиот авион над Кинеското море кој без предупредување ниту причина исчезна т.е. веројатно потонал во океанот. Проблемот со денешното следење на авионите е што лесно се изведува кога тие се наоѓаат над копно користејќи напредни радарски системи, но тешко се изведува кога летаат ниско или над вода каде радарите се доста далеку.

Ваквите ситуации ќе прекинат бидејќи 160 држави во ООН гласаа за предлогот на Меѓународната телекомуникациона унија да стане реалност и да се воведе нов тип на следење на авионите преку сателити.

Системот е така конципиран што нема да има потреба да се вградува било каква нова физичка технологија, туку само ќе треба софтверски да се вгради уште еден тип на сигнал кој ќе се испраќа од ADS-B (automatic dependent surveillance-broadcast) системот до сателитите. ADS-B системот веќе се користи за комуникација со земјените станици и радарите. Со оваа надградба тој на секои 15 минути ќе праќа „пинг“ до сателитите со својата позиција.

Можеме да кажеме дека предлогот на МТУ е фантастично замислен и за пофалба е што ООН во рекордно време се собра и ја изгласа оваа корисна промена. Се надеваме дека мистериозните снемувања ќе престанат и ќе се знае судбината на сите авиони кои летаат или доживеале несреќа.

Исто би сакале вака ООН почесто да заседава и да решава горливи проблеми за човештвото, како на пример, немањето пристап до вода за пиење за милиони луѓе ширум светот, милионите смртни случаи од загадување, уништување на религиозниот фундаментализам и тероризам и слично. Секогаш останува да се надеваме нели.

Извор: TechRadar, Phys.org

Претходна статијаСмартпортал неделник 09 – 15 ноември 2015
Следна статијаHP ZBook Studio е ултра моќен лаптоп со Xeon процесор