На тема Мапа на македонскиот стартап екосистем и правни аспекти ќе одржи предавање Дејан Алексов, адвокат и претседател на Стартап Македонија, денеска, понеделник со почеток од 18 часот во Јавна соба.

На предавањето учесниците бесплатно ќе имаат можност да научат за стартапи и нивни фази на развој, организации, пристап до финансии и достапни ресурси, предности и предизвици на стартап заедницата, надминување на фрагментиран екосистем и стандардизација како и за извештај од процесот на мапирање. Од правен аспект ќе дознаат за постапката за основање на компанија, права и обврски со основањето, како и за постапка за затворање на компанија.

Дејан Алексов е основач и адвокат во адвокатска канцеларија Алексов со фокус на адвокатски услуги за стартап компании, инвеститори и организации. Тој е коосновач и претседател на Стартап Македонија, чадор организација за меѓусебно поврзување на стартап екосистемот, споделување и транспарентност на информации во стартап заедницата.

Предавање е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.