Во текот на 2012 година, Европската централна банка објави Извештај во кој ги анализира и истражува и криптовалутите. На страна проблематичните делови во Извештајот (за критика на дел од нив, види тука), во еден дел Извештајот објаснува дека „теоретските основи на Bitcoin потекнуваат од Австриската економска школа“. Со ова:

ЕЦБ го поврза Bitcoin со богатото економско наследство на Menger, Mises, Hayek[и Rothbard: м.з.] и Австриската теорија на бизнис циклуси.

За што поточно станува збор?

Австриската економска школа e хетеродоксна школа базирана на специфичен метод на анализа на економските појави (методолошки индивидуализам) кој конзистентно води до „радикални“ ставови во одбрана/промоција на слободен пазар. Иако не е дел денеска од мејнстримот, најверојатно е школа која има најмогу придонесено за развојот на економската мисла (од субјективната теорија на вредност, маргинализмот, рационална економска пресметка, итн.).

За нашата тема, од интерес е нивниот придонес кон: 1) монетарната теорија и парите и кон 2) теоријата на економски кризи (која ќе ја обработиме во дел 2).

Монетарна теорија – конкуренција и слободен избор на пари

 „Австријците“ се едни од ретките (ако не единствени) кои сметаат дека Државата не треба да има монопол врз парите. Централизацијата на моќта на одлучување за судбината на парите води кон неефикасности, но и кон злоупотреба на моќта од страна на Државата за богатење на олигархијата, финансирање на војни или пак монетизација на јавниот долг и инфлација.

Единствениот нобеловец во нивните редови, Friedrich Hayek во 1976 го објавува делото Denationalization of Money (кое не случајно е„закачено“ и на сајтот на Nakamoto Institute) во кое се залага за „пазарно-базиран монетарен систем“. Клучно е да постои вистинска економска слобода – и кај оние кои ќе издаваат пари и ќе се натпреваруваат со квалитет на валутата но и кај граѓаните да постои избор кои валути ќе ги користат. Според Hayek, Државата нека издава денари – но на слободен пазар со останатите ентитети, без никаков монопол. Конкуренцијата ќе си го направи своето – ќе победат неколку валути кои ќе се покажат како најквалитетни пари (односно medium of exchange, store of value и unit of calculation) – барем се додека не излезе попаметно решение.


Она што се случува во крипто светот, конкуренција од десетици криптовалути кои се натпреваруваат по многу карактеристики вклучително и околу приватноста, „контролирани“ од децентрализиран софтвер, е блиску на она што го замислуваше Hayek доколку парите се дел од пазарот а не политиката (иако не можеше да го предвиде Интернетот и блокчеин технологијата).

Претходна статијаInstagram работи на посебна апликација наменета за продажба на производи
Следна статијаМакедонија го освои вториот сребрен медал на Интернационалната олимпијада по информатика во Јапонија
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.