Доколку сте активен корисник на Viber, сигурно ја имате инсталирано и десктоп верзијата од оваа апликација, за полесно пишување на сите тие пораки, преку голема, физичка тастатура на вашиот компјутер.

Viber веќе одамна овозможува споделување на линкови во разговорите и нивно прегледување преку прикажување на слика од линкот. Тоа овозможува уште веднаш да знаете за што се работи, па да не мора да ја читате адресата од линкот, која не секогаш овозможува јасно прегледување на насловот.

Ова се разбира беше достапна и за споделување на линкови од видеа од YouTube, па уште веднаш можевме да видиме за какво видео се работи и дали сакаме веднаш да го отвориме.

Оваа можност, со најновата верзија од Viber за десктоп, добива одлично унапредување со воведување на можноста видеата да се гледаат директно од апликацијата. Со тоа веќе нема да има потреба да го отвораме видеото во интернет прелистувач, а со тоа да додадеме уште еден отворен прозор на нашиот и така натрупан со содржина десктоп.

Она што е уште поинтересно е што видеото ќе може да се продолжи да се гледа, во позадина, дури и кога истото веќе нема да биде во преден план на апликацијата, односно доколку продолжите со разговорот.

Видеото од Viber ќе „излезе“ од неговата позиција, како посебно мало прозорче кое ќе може да го поставите каде сакате, па и надвор од границите на прозорот од Viber. Со тоа ќе може да се продолжи со гледање на видеото, без да мора да се прекине остатокот од активностите кои се прават, како разговори, читање или пишување и слично.

Прозорчето од видеото потоа може да се зголемува или намалува и со тоа да се прилагоди на потребите во моментот.

Најновата верзија од Viber обично автоматски се инсталира, а вие само ќе добиете известување дека треба да се рестартира апликацијата, а доколку се’ уште не ја користите, можете да ја симнете преку следниот линк.

Извор: Viber

Претходна статијаХолограмски очила се одговорот на Microsoft на смартфоните?
Следна статијаHuawei MateBook X е супер луксузен Windows 10 лаптоп со висока цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.