bikers-1

Шест дена бугарската војска и спасувачите ја чешлаа Стара планина во потрага по 34-годишниот велосипедист Мирослав Касовски. Над 300 војници, возила и дронови беа ангажирани да го пронајдат телото на Мирослав чиј траг се губи на 27-ми октомври, откако се слушнал со своите по телефон. Се што знаеа за него дека е 10 километри одалечен од врвот Ботев.

Но, неговата несреќа никогаш не требаше да се случи. Не денес кога технологија е доволно напредна да може да ги лоцира и заштити велосипедисти во случај на незгода, да им понуди сигурност во нивните авантури низ дивите предели. Бидејќи тоа е убавината во професионалниот велосипедизам, да се предизвикаш себе си, да истражиш нови диви локации и да бидеш сигурен додека го правиш тоа.

Се што ви е потребно за да бидете безбедни треба да биде телефон кој ќе се грижи за вашата сигурност, и кој ќе ги извести вашите пријатели дека сте имале несреќа. Следење на GPS-от во реално време не е нова технологија, но е потценета кога се работи за сигурноста на луѓето, посебно на авантуристите  и велосипедистите.

bike-comp-1

„Неодамна имавме застражувачко искуство кога еден член од тимот доживеа несреќа на една од нашите тури. Ниту знаевме каде се наоѓа, ниту што му се случило, и мораше навечер да се враќаме назад да го бараме. За среќа тој имаше мал потрес на мозокот и помина добро“, вели Иван Ивановски, CEO на Bike Computer.

Одлучни никогаш повеќе да не стравуваат за безбедноста на велосипедистите со кои одат на тури, тимот на Bike Computer составен од искусни програмери и страствени велосипедисти, изработија мобилна апликација која ќе понуди поголема сигурност. Се работи за апликација која има Keep me Safe опција што праќа SMS пораки до вашите најблиски со точното време и локација во случај на незгода.

„Жал ни е што му се има случено на Мирослав. Сочуство и за неговото семејство, и би сакале да може да им помогнеме на некој начин. Но, ова никогаш не требаше да се случи. Постојат решенија што можат да ја зголемат сигурност на велосипедистите, и ние треба да ги најдеме“, вели Иван.

Bike Computer ќе ја понуди бесплатно Keep me Safe опцијата на сите велосипедисти од Бугарија и Македонија.