Уште од најавата дека Microsoft се откажува од развојот на својата веб технологија, EdgeHTML, па ќе го развива својот прелистувач на основа на Chromium, јасно стана дека Edge ќе може да го видиме на повеќе оперативни системи, не само на Windows 10.

Моментално тест верзиите од Edge на Chromium се достапни на Windows 10, 8, 7 и на macOS, а неколку пати досега се најавува дека можно е да се види и Linux верзија.

Ова посебно привлекува внимание поради критиките кои ги имаше порано Microsoft за Linux и генерално заедницата на софтвер со отворен код, под водство на Стив Балмер. Сега со Сатја Надела на чело, приказната е целосно различна, па Microsoft во доста области соработува и објавува софтвер со отворен код.

Програмерите во Microsoft кои работат на Edge веќе потврдија дека некогаш во иднина се планира претставување на Linux верзија од овој прелистувач, а сега изгледа тоа станува уште поверојатно.

Тие преку Twitter побараат „помош“ од програмерите поврзани со одредени претпоставки, како што ги нарекуваат. Нив ги интересира кои дистрибуции се користат од страна на програмерите, кои прелистувачи и слични прашања.

Со оглед на тоа дека Chromium е достапен и на Linux, се очекува дека Microsoft нема да треба да прави нешто многу посебно за да го донесе и Edge базиран на Chromium на Linux. Ова изгледа дека сепак останува „тактичка“ и бизнис одлука, а не дали е тоа можно и колку е комплицирано.

Microsoft изминатите години сака што повеќе програмери да почнат да ја гледаат компанијата како пријателски настроена кон заедницата на програмери, па изгледа дека шансите одат во правец на тоа дека Edge ќе добие и Linux верзија.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.