Microsoft Excel добива нова функција која може да се покаже како многу корисна, иако живееме во време кога скоро се е дигитализирано. Сепак, а ова сигурно важи за нашата земја, се’ уште голем дел од документите се чуваат и испраќаат во печатена форма, па нивното префрлување во дигитален документ може да значи голема и досадна работа.

Со помош на вештачката интелигенција, Microsoft Excel добива можност за скенирање на документ табела и истата да ја претвори во Excel документ на којшто може да се работи.

Не можеме да кажеме со колкава точност го прави претворањето Excel, а тоа сигурно би зависело од табела до табела, но сигурни сме дека на многу луѓе ќе им „скрати“ доста работа во одредени ситуации.

Скенирањето, односно можноста за претворање на табелите, е достапна преку мобилните апликации на Excel за корисниците на некоја од месечните претплати. До истата се доаѓа преку Insert менито, па Insert Data from Picture.

Први можноста веднаш ја добиваат корисниците на Android, меѓутоа наскоро ќе им биде достапна и на корисниците на iOS.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.