Windows 10 веќе доаѓа со апликацијата My Office. Оваа апликација овозможува прегледување на Office сметката, доколку плаќате за истата, последните документи кои ги имате користено и слично.

Оваа апликација ќе биде заменета со нова која едноставно ќе биде наречена Office. Исто како и My Office, така и новата Office ќе биде достапна преку Microsoft Store, а доколку ја немате избришано првата, истата ќе биде надградена на новата.

Новата апликација наликува доста на office.com порталот, односно почетната страна. Таа е и направена врз основа на оваа страна, за која од Microsoft истакнуваат дека е навистина популарна од кога беше редизајнирана. Според нив, 40% од корисниците на Office 365 на веб, ја почнуваат својата работа со отворање на оваа страна, наместо директно потребната апликација.

Ова и има логика да биде случајот со Office апликацијата. На неа корисниците ќе може да ги видат сите свои Office апликации и да ги вклучат, но ќе им бидат прикажани и документите на кои работат, документите кои се споделени со нив и слично, а ќе може и да пребаруваат.

Дефинитивно ова централно место е одлично стартно место за тие кои работат со повеќе документи од повеќе Office апликации, а имаат и соработка со повеќе корисници.

Деловните корисници ќе можат да го додадат и своето лого на оваа апликација, па истата да претставува вистински портал за Office на своите вработени.

Моментално Office им е достапна само на Insider корисниците, а од компанијата не најавија кога ќе им стане достапна на сите, па само кажаа наскоро.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаЏек Блек започна свој YouTube канал за гејминг – најави дека ќе биде поголем од Ninja и PewDiePie
Следна статијаInstagram тестираше хоризонтална навигација низ листата со новости која изгледа не помина добро
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.