Технологијата која ќе овозможи безжично полнење на уредите на поголемо растојание ја чекаме веќе подолго време. Од појавата на безжичните полначи кои сепак мора да се до уредот за да може да го полнат, се најавува можноста да оваа потреба за близина се намали, но никако да видиме претставување на успешна ваква технологија.

Xiaomi има шанса да биде првата компанија која ќе настапи на пазарот со ваква технологија, иако уште нема информација кога може да очекуваме комерцијален производ за нивната Mi Air Charge која ја претставија денес.

Mi Air Charge треба да може да ги полни компатибилните уреди на растојание од неколку метри, иако од Xiaomi не објавија повеќе детали за овој дел. Од видеото и сликите се гледа како мобилните уреди се полнат со влегување на корисникот во собата, без потреба од било какви кабли или приближување до полначот.

Xiaomi објаснуваат како функционира Mi Air Charge. Полнењето е зависно од антени како во полначот, така и во уредот кој треба да се полни. Тоа значи дека и уредот кој се полни треба да има систем од антени, дел за прецизно испраќање на локацијата до полначот, а дел за „собирање“ на сигналот од милиметарските бранови.

Полначот во себе содржи пет антени кои треба да ја одредуваат локацијата на уредите кои треба да се полнат, како и 144 антени кои го испраќаат милиметарскиот сигнал.

Mi Air Charge може да полни повеќе уреди во исто време, а за почеток полнењето ќе се прави со 5W. Тоа можеби делува малку, но до пред некоја година тоа беше стандардната брзина на полнење за повеќето уреди.

Една ваква технологија кога ќе биде развиена и пуштена во продажба може да донесе многу повеќе предности од само полнење на мобилните телефони. Од Xiaomi истакнуваат дека малите уреди во домовите може да почнат да се прават без кабли и да ја добиваат својата енергија безжично. Такви уреди како пример ги даваат ламбите, звучниците и други уреди од категоријата на паметен дом.

ИЗВОРXiaomi
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРСБСП: Возење во зимски услови и на замрзнати коловози
Следна статијаApple наскоро ќе ја пушти новата функција за приватност кај iOS 14 која предизвика проблеми со Facebook и огласувачите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.