Загреб, 17. јуни 2020 – Weekend оди понатаму! И оваа година од 24 до 27 септември во Ровињ Weekend Media Festival ќе ги собере водечките стручњаци на медиумската индустрија. Под слоганот „I love Weekend“ фестивалот ќе ги одбележи љубовта, поврзаноста и пријателството кои во 2020 година се повеќе потребни од било кога до сега.

„Многу сме возбудени и ни е мило што и оваа година ќе уживаме во одличните предавања и врвните забави какви што има само Weekend. Посебно сме насочени кон грижата за сигурноста на сите присутни. Внимателно ги следиме упатствата на надлежните тела за јавно здравство и се придржуваме до пропишаните препораки како би овозможиле максимална сигурност за сите посетители“, истакна директорот на фестивалот Томо Рицов.

Овогодинешното издание на најголемиот регионален медиумски фестивал веќе традиционално ќе ги собере сите кои се заинтересирани за медиумската индустрија, а посебно е важно што Weekend ќе биде еден од првите големи фестивали кои ќе се одржи по олабавувањето на епидемиолошките мерки предизвикани од пандемијата со коронавирусот.

„Сите најдобри забави биле во најлуди времиња и затоа сме сигурни дека ова ќе биде најдобриот Weekend до сега. Покрај тоа, подготвуваме одлична програма која нема да сакате да ја пропуштите“, објаснува директорот на програмата Никола Врдољак.

Најдобрата покана за овогодинешниот Weekend е фактот што од година во година во Ровињ се собираат се поголем број на учесници и врвни предавачи. Затоа бидете и вие дел од најголемиот медиумски фестивал, спремете се за најдобрата забава оваа година и понесете добра воља и опуштеност – тоа е единственото нешто што од вас го бара Weekend.

Претходна статијаРСБСП: Корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд
Следна статијаHTC претстави два нови телефони од средната класа