Samsung закажа настан кој ќе се одржи на 28-ми април со почеток во 16:00 часот по македонско време. Овој настан, како и сите други изминатите година дена, ќе се одржи само онлајн, а ќе може да се следи преку YouTube каналот од компанијата.

Во најавата, која доаѓа и со „тизер“ видео, сепак нема никаков знак за што е тоа што можеме да го очекуваме. Слоганот на најавата е дека најмоќниот Galaxy доаѓа, но тоа може да се каже за било кој уред.

Сепак, според неофицијалните информации, не треба да очекуваме нов смартфон, а исто така не треба да се очекува ни Galaxy Z Fold3.

Тоа што најверојатно ќе биде претставено е нова генерација од лаптоп компјутерите од Samsung, кои ќе дојдат со моментално најновото достапно на пазарот од аспект на чипови, меморија и слично.

Со оглед на тоа дека се работи за Samsung, посебни очекувања секако треба да се има за екраните, а се најавува и дека тие ќе имаат многу мали рамки.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаСерија бесплатни Autodesk вебинари од 22 до 28 април
Следна статијаСтариот Microsoft Edge официјално тргнат од Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.