Twitch_LogoURL_white

Според информациите кои што може да се најдат на повеќе портали, а доаѓаат од неофицијални извори, Google е во преговори за купување на Twitch, еден од најпознатите сервиси за стримување на видео игри во живо.

Twitch е сервис кој што има започнато со работа во 2011 година и е направен од компанија лоцирана во San Francisco. Со интеграција на сервисот во Xbox One и PlayStation 4, корисниците може во живо да го пренесуваат играњето на игрите, како и видео од нив додека играат и коментираат. Корисниците имаат можност за започнување на chat за време на гледање на видеото. Објавувачите може исто така да зачувуваат делови од играњето за посебно објавување и можност за гледање подоцна. Сервисот ги добива своите приходи од продавање на реклами, а дел од нив се исплаќаат на објавувачите на содржина. Моментално Twitch има повеќе од 45 милиони посетители месечно.

Twitch сервисот директно конкурира со YouTube сервисот од Google, кој што ги води преговорите за купувањето според информациите. YouTube е извор на приходи на голем број на гејмери, кои што ги објавуваат своите видеа од игрите, со што заработуваат од рекламите доколку се доволно гледани. Поради ова не е ни чудо Google навистина да се интересира во оваа компанија, за чие што купување ќе треба да се добијат дозволи по проценката дали спојувањето би ја загрозило конкуренцијата на пазарот. YouTube има повеќе од една милијарда посетители, а купувањето на Twitch ќе ја зголеми таа бројка.

Според информациите заинтересирани за купување на Twitch биле и од Microsoft, меѓутоа од компанијата одлучиле да продолжат со Google. Исто така според информациите преговорите се во почетна фаза, па се очекува во периодот што следува да се дознае нешто повеќе.

Извор: Variety, Ars Technica, PC World

Претходна статијаРоботска рака ги фаќа објектите фрлени накај неа
Следна статијаGoogle Translate ќе овозможува преводи користејќи ја камерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.