Samsung и официјално ги претстави новите S20-ки, а како што и очекувавме, неофицијалните информации пред настанот, во основа ни ги прикажаа скоро сите детали од уредите. Настанот само ни ги потврди информациите, како што се имињата на уредите.

Главниот акцент на настанот од страна на Samsung е ставен на камерите кај овие уреди. Кај Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra се вградени целосно нови камери, а кај Ultra моделот тука е сензорот со 108 мегапиксели, како и Space Zoom можноста за зумирање дури до 100 пати.

Големината на екраните кај телефоните ќе биде 6,2, 6,7 и 6,9 инчи и сите имаат резолуција од 3200 на 1440 пиксели, како и 120 Hz стапка на освежување на екранот. Ова треба да биде доста можеби и најдобриот екран од Samsung кој ќе овозможи навистина „мазна“ работа со екранот.

Основниот Galaxy S20 ќе дојде со три камери на задната страна, односно камери со 12 мегапиксели и ултра широк агол, 12 мегапиксели и можност за брзо фокусирање и одлични слики во темни услови, како и 64 мегапиксели главна камера која треба да овозможи уште поголеми детали кај сликите.

Galaxy S20+ има уште еден додатен сензор којшто го нема кај основниот модел, а тоа е сензор за проценка на длабочината на сликата.

Секако, како што истакнаа од Samsung, корисниците кои повеќе професионално ја користат камерата ќе сакаат да го користат Galaxy S20 Ultra кој ќе дојде со сензор од 108 мегапиксели, 12 мегапиксели со ултра широк агол, 48 мегапиксели и сензорот за длабочина.

Телефоните ќе имаат избор од 8 до 16 GB RAM меморија, па уште одма се гледа дека се работи за уреди кои нема да имаат ни малку проблем со перформансите.

Повеќе детали за сите карактеристики на новите Galaxy S20 уреди можете да прочитате во оваа статија.

Претходна статијаSamsung го претстави Galaxy Z Flip телефонот наменет за тие кои сакаат да се истакнат
Следна статијаSamsung Galaxy S20 го менува начинот на којшто го доживувате светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.