Конечно дојде денот на Samsung UNPACKED настанот на којшто од компанијата ќе ја претстават новата генерација од Galaxy S серијата, односно Galaxy S20. Како што беше случајот и минатата година, на почетокот од настанот Samsung прво го презентира својот уред со екран кој се превиткува.

Galaxy Z Flip, неофицијалното досега име на уредот е официјално потврдено. За разлика од ланскиот Galaxy Fold, Galaxy Z Flip е само телефон, односно стандарден телефон којшто се затвора со цел добивање на многу помал уред кој лесно се пренесува во џебот и слично.

Корисниците ќе бидат среќни да знаат дека Galaxy Z Flip доаѓа со нов механизам за преклопување, па не би требало да се повторат некои од ланските проблеми, како влегување на прашина помеѓу екранот и слично.

Кога е отворен телефон има екран со големина од 6,7 инчи кој на горната страна ја има веќе познатата за Samsung камера во дупка со што истата скоро и да не се забележува.

Кога е затворен, телефонот има уште еден многу мал екран на кого се прикажуваат известувањата, а нова информација од настанот денеска е што овој екран, иако мал, ќе може да се користи за сликање на селфи слики.

Како што можевме да видиме и од неофицијалните најави, посебна функција на Galaxy Z Flip ќе биде можноста за превиткување до пола со што се добива можноста да се прават селфи слики, да се прават видео разговори или да се гледаат видеа и во исто време да се коментира на нив, како што истакнаа од Samsung. Оваа можност на телефонот од Samsung ја нарекуваат Flex Mode.

Телефонот ќе биде достапен од 14 февруари и ќе се продава по цена од 1380 долари.

Повеќе информации за останатите карактеристики за телефонот ќе можете да прочитате во нашите статии во текот на утрешниот ден.

Претходна статијаApple патентира механизам за уреди на преклопување кој треба да ја спречи појавата на фалти на екранот
Следна статијаGalaxy S20, S20+ и S20 Ultra официјално претставени со посебен акцент на целосно новите камери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.