Фото: Shutterstock.com

Ново истражување поврзано со интернет пребарувачите, ни открива каква е нивна состојба изминатите години. Ако сте имале впечаток дека резултатите кои ги прикажуваат Google и другите, не се баш квалитетни како што беа порано, во право сте.

Истражувањето е направено на пребарувачите Google, Bing и DuckDuckGo, а истото траело една година во која се направени 7.392 пребарувања.

Тоа што може да се истакне како ограничувачки фактор во заклучокот на истражувањето е тоа што истото е направено во главно на рецензии на производи, односно истражувачите тоа го пребарувале. Дали врз основа на тоа може да се генерализира и за останатите видови на пребарувања, не знам, но можете самите да го донесете тој заклучок врз основа на вашето искуство.

Заклучокот на истражувањето е дека резултатите кај интернет пребарувачите се полни со содржина која е специјално прилагодена за добар SEO, но со доста низок квалитет. На тоа треба да се додаде и огромниот број на содржина која е спонзорирана, односно статиите се напишани со партнерски линкови во нив.

Иако поголемиот дел од содржината на интернет не е од ваков тип, на интернет пребарувачите тие го претставуваат мнозинството од резултатите, а има причина зошто е тоа така.

Големиот број на страни тактички ги прилагодуваат нивните SEO функции, а затоа тоа и е наречено од страна на истражувачите како „SEO Spam“. Тоа значи дека тие што стојат зад овие страни точно знаат како треба да ги прилагодат истите за да на некој начин го „измамат“ алгоритамот од пребарувачите и нивните статии да бидат поставени што погоре во резултатите.

Google се истакнуваат како најспособни во менувањето на алгоритамот за спречување на оваа практика, но прилагодувањето на „спамерите“ е редовно, па се добива еден вид на „мачка и глувче“ ситуација, како што истакнуваат истражувачите.

Оваа ситуација се очекува да биде влошена во периодот што следи, а во главно поради популарноста на генеративната вештачка интелигенција преку која ќе може уште побрзо и во поголем број да се генерираат и објавуваат вакви статии.

Целото истражување е достапно на овој линк.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Register
Претходна статијаАлиу потпиша договор за соработка со универзитетите од нашата земја
Следна статијаЗапочна гласањето за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.