mozilla-firefox-f

Од денеска е достапна 29-тата верзија од интернет прелистувачот од Mozilla, Firefox. Оваа верзија е можеби помеѓу најважните од започнувањето на побрзиот циклус на надградби. Од оваа верзија официјално е достапен за сите корисници новиот дизајн наречен Australis, кој што претставува најголем редизајн на прелистувачот, можеби од неговото претставување. Доста од вас се можеби веќе запознаени и го користат новиот дизајн преку до денес достапната бета верзија која што детално ја опишавме кога беше претставена.

australis

Како што можевте да прочитате и во претходната статија, Firefox 29 доаѓа со нов дизајн, за кој што многу луѓе сакаат да кажат дека е сличен со дизајнот на Google Chrome. Меѓутоа иако одредени работи имаат сличност, сепак ние не би се сложиле со овие изјави поради фактот што Chrome не користи некои уникатни и само за нив карактеристични дизајн елементи, па одредени сличности се секогаш можни и не значат нивно копирање. Australis дизајнот кој што ќе се користи од оваа верзија на Firefox, па натаму ги вклучува следните промени:

  • Поедноставување на корисничкиот интерфејс кој што треба да е полесен за користење
  • Ново мени копче кое што е променето од старото и познато портокалово и правоаголно, во помало копче со често користената икона од три линии. Позицијата на копчето е поместена од горниот лев агол, на десниот дел во лентата десно од лентата за пребарување
  • Поедноставно мени кое што овозможува негово прилагодување, со што секогаш ќе ги имате вашите најважни и најмногу користени работи, а останатите можете да ги тргнете од него
  • Нов дизајн на табовите кои што сега се со заоблени агли, наместо правоаголните до претходната верзија. Активниот таб, односно тој што моментално го користите е истакнат и е со различна боја
  • Можност за исклучување на лентата за наслови, односно title bar со што поголем дел од екранот е искористен за веб страните, а табовите одат до неговиот крај
  • Вашите омилени и зачувани страни сега се поставени заедно со ѕвездата за зачувување на страни, како дел од лентата десно од лентата за пребарување

Firefox-Menu-on-Windows-en-US-600x454

Australis редизајнот е можеби најголемата промена во оваа верзија од прелистувачот, меѓутоа тоа не е единствената нова работа. Па така, од оваа верзија почнува со функционирање новата и преработена верзија од Firefox Sync која што го поедноставува процесот на синхронизација и овозможува едноставно поврзување со сервисот преку креирање на корисничка сметка.

Sync-en-US-252x358

Firefox 29 е достапен за сите платформи, односно Windows, Linux, OS X и можете да го надградите доколку тоа веќе автоматски не е направено или да го симнете преку следниот линк. Целосната листа на промени со оваа верзија можете да ја погледнете на следниот линк.

Firefox 29 е достапен и за Android оперативниот систем

Како и секогаш, со новата верзија за десктоп компјутерите, Firefox ја надградува и својата мобилна верзија, односно верзија за Android корисниците. Во оваа верзија, покрај стандардните подобрувања во перформансите ги има и следните новини:

  • Можност за креирање на Firefox сметка за користење на новата Sync функција
  • Препораки при пребарување користејќи го Bing пребарувачот како главен
  • Додадени се повеќе копчиња за брзо споделување на содржината
  • Можност за избор дали горната лена ќе се прикажува при читање на страната, односно одење надоле по неа

Firefox 29 е достапен во продавницата за апликации и можете да го надградите или симнете преку следниот линк. Целосната листа на промени можете да ја погледнете преку следниот линк.

Претходна статијаMicrosoft Research развива тастатура која препознава гестови
Следна статијаИнтересен концепт за редизајн на главната страна на Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.