Се работи за концепт направен од страна на Erik Wagner, како дел од The Letter Society дизајнерски блог на кој што работат 8 лица на повеќе проекти и ги доставуваат своите концепти за тековниот проект на секои 3 недели. Иако има уште неколку други концепти, овој сметаме дека е најинтересно направен, па затоа и решивме да го споделиме со вас.
Концептот не менува многу во функционалноста на самата страна, односно на достапните линкови и сервиси и се фокусира на изгледот. Позадината наместо сегашната бела и празна е заменета со боите од логото на Google. На долната страна се наѕираат Google Maps кои што во овој концепт се сметаат како втор најважен дел од главната страна. Доколку корисникот се префрли на делот со мапи, на долниот дел ќе се наѕира делот за пребарување, па нивното менување е едноставно направено. Овој дизајн е прилагоден соодветно и за мобилните уреди, односно за помалите екрани на мобилните телефони и таблет компјутери.
Извор: The Letter Society